Tag "Папа Фрањо"

Врати се на почетна
Ватикан Вести

Папата: Започнуваме да ги гледаме луѓето кои се гладни

Папата Фрањо на светата Литургија во домот Света Марта повторно се молеше за семејствата кои започнуваат да ги трпат последиците од пандемијата од коронавирусот. Папата во проповедта се осврна на свештениците, монасите и монахињите кои не заборавиле дека припаѓаат на народот и кои во оваа кризно време им помагаат на сиромашните и болните.

Ватикан Вести

Папата донираше 30 респиратори на болниците

Папата Фрањо донираше 30 апарати за дишење на клиниките кои посебно се погодени со заразата од корона вирус, соопшти Канцеларијата за печат при Светиот Престол во четврток на 26 март.

Ватикан Вести

Папата: Евангелието на животот во срцето на Исусовата порака

Папата Фрањо во катехезата на Генералната аудиенција повторно го истакна апелот кој свети Иван Павле II пред 25 години го упати во енцикликата „Evangelium vitae“: Почитувај, брани, љуби и служи му на животот. Секој човечки живот треба храбро да се промовира затоа што секој живот има непроценлива вредност.

Ватикан Вести

Папата се молеше за чесните сестри кои го ризикуваат и даруваат својот живот служејќи им на болните

Папата Фрањо на светата Литургија во домот Света Марта се молеше за монахињите кои им служат на болните и сиромашните, посебно мислејќи на Ќерките на милосрдието на свети Винко Паулски, кои веќе 98 години работат за потребите во ватиканската амбуланта.

Ватикан Вести

Папата молеше “Оче наш“ за човештвото погодено од големото искушение

Во среда 25 март 2020 година Папата од бибилиотеката на Апостолската палата преку средства за јавно информирање, со сите христијани во светот молеше Оче наш. Тоа беше молитва за ставање крај на пандемијата од коронавирусот.

Ватикан Вести

Папата се молеше за лекарите и свештениците кои починаа служејќи на болните од коронавирус

На светата Литургија во домот Света Марта, папата Фрањо се молеше за лекарите, болничарите, медицинските сестри и свештениците кои починаа од коронавирусот затоа што се заразиле додека им служеле на болните. Заблагодарувајќи му се на Бог за неговиот херојски пример кој ни го даваат во грижата за болните, Папата предупреди на опасноста од гревот на мрзеливост, тромост и апатија.

Ватикан Вести

Одложено Апостолското патување во Малта

Патувањето на папата Фрањо во Малта кое беше предвидено за 31 мај оваа година поради здравствена криза е одложено за понатаму.

Ватикан Вести

Патријархот Вартоломеј I испрати порака до Папата и италиjанскиот претседател

Со оглед на пандемијата која овие денови сериозно ја мачи Италија, екуменскиот цариградски патријарх ги вети своите молитви и изрази солидарност и блискост.

Ватикан Вести

Папата Фрањо: Покажувајте го Христовото светло во својот живот

Светлото на верата ослободува од гревот и го уништува злото кое го имаме во срцето – рече папата Фрањо пред молитвата Ангел Господов во неделата. На Четвртата Недела на Великиот пост, сè уште во силна криза од коронавирусот, Папата ги повика верниците да го наследуваат слепиот од Евангелието и натопени со Христовата светлина со Него да можеме да одиме на патот на спасението.