Tag "Папа Фрањо"
Папата Фрањо се сретна со претседателот на Република Гвинеја Бисао
Папата Фрањо го прими во аудиенција претседателот на Република Гвинеја Бисао, г-дин Умар Сисок Ембало. Во билатералниот разговор, тие се осврнаа на придонесот на Католичката црква за општото добро во таа земја, особено на областите образование и здравство.
Папата: Војните ги уништуваат луѓето и се пораз за човештвото
По молитвата Ангел Господов во недела, 28 јануари 2024 година, папата Фрањо ги осуди страдањата во Мјанмар, Блискиот Исток, Украина и Хаити, а истовремено ги повика сите да одат по патот на мирот. Потсети и на одбележувањето на Светскиот ден на лепрата
Папата го осуди нападот на Католичката црква во Истанбул
Папата Фрањо во недела на 28 јануари 2024 година го осуди нападот врз Католичката црква во Истанбул. Апостолскиот викар од Истанбул и Апостолски администратор на Цариград, бискупот Масимилијано Палинуро, апелираше до властите да ги истражат причините за нападите, кои изгледа дека укажуваат на верска нетрпеливост.
Ангел Господов: Кога сте во искушение или на погрешен пат, повикајте го Исуса
Во недела, 28 јануари 2024 година, од прозорецот на својата работна соба во Апостолската палата, папата Фрањо молеше Ангел Господов со верниците и ходочесниците присутни на плоштадот Свети Петар. Ви го пренесуваме во целост говорот на Папата.
Папата Фрањо го прими Кико Аргуело: Охрабрување за посланието
Во сабота, 27 јануари 2024 година, папата Фрањо го прими Меѓународниот тим одговорен за Неокатекуменскиот пат: иницијаторот на Неокатекуменскиот пат, Кико Аргуело, отец Марио Пеци и Асенсион Ромеро. На аудиенцијата Папата даде поттик да се продолжи со ова дело на евангелизација, кое делува повеќе од педесет години
Папата Фрањо: Никогаш да не се заборави геноцидот во Руанда
Во саботата, на 27 јануари 2024 година, Светиот Отец во Ватикан се сретна со членовите на италијанската непрофитна организација која собира средства за сиропиталиште во Руанда, основано по геноцидот во таа земја во 1994 година.
Папата на Денот на сеќавањето на жртвите на Холокаустот: Омразата и насилството ја негираат нашата човечност
Папата Фрањо ги осуди омразата и насилството на Денот на сеќавањето на жртвите на Холокаустот, нагласувајќи ја важноста на сеќавањето во градењето мирна иднина.
Папата Фрањо во аудиенција ги прими членовите на Малтешкиот ред
Во саботата, 27 јануари 2024 година, во салата за конзисториуми во Апостолската палата во Ватикан, Светиот Отец во аудиенција ги прими амбасадорите на Суверениот ерусалимски, родоски и малтешки болнички ред, попознати како Суверен витешки малтешки ред.
Папата на крајот од Молитвената осмина за единство на христијаните: Одете и служете заедно, ставајќи ја молитвата на прво место
„Само љубовта која станува бесплатно служење, само љубовта која Исус ја навестувал и живеел, ќе ги приближи разделените христијани“, е пораката од проповедта на Папата на Втората вечерна молитва на 25 јануари 2024 година во римската базилика Свети Павле надвор од Ѕидините на завршетокот од Молитвената осмина за единство на христијаните.
Папата до католичко-православната комисија: Молете и работете за единство
Папата Фрањо ја истакна важноста на дијалогот на љубов, вистина и живот во своето обраќање во петокот на 26 јануари во Ватикан пред членовите на Мешовитата меѓународна комисија за теолошки дијалог меѓу Католичката црква и Источните православни цркви.