Tag "Папа Фрањо"
Папата повика секојдневно да се моли Света Бројаница за мир
По молитвата на Царице небесна, Папата потсети на луѓето кои страдаат од последиците на војната и гледајќи во Украина, потсети на денешната традиционална молитва до Пресвета Богородица од Помпеја.
Папата Фрањо го основа Domus Vaticanae
Новата институција, поврзана со Светиот Престол, вклучува институции за сместување „Domus Sanctae Marthae“, „Domus Romana Sacerdotalis“, „Domus Internationalis Paulus VI“ и „Casa San Benedetto“.
Папата и јапонскиот премиер: Несфатливо е употребата и поседувањето нуклеарно оружје
За време на аудиенцијата на која Папата го прими јапонскиот премиер Фуми Кишиду, се разговараше за нуклеарно оружје и беше повторно истакнато дека неговата употреба и поседување ее несфатливо.
Папата: Мирот во Европа и светот да ѝ го довериме на Богородица
Поздравувајќи ги ходочасниците на Генералната аудиенција во среда 4 мај 2022 година, папата Фрањо повика на молитва Света Бројаница секој ден во мај, молејќи ја Богородица за ново спокојство за Европа и целиот светот.
Генерална аудиенција: Практикувањето на верата не е само за постарите
Продолжувајќи ја катехезата посветена за старите лица, папата Фрањо на Генералната аудиенција во среда 4 мај 2022 година ги потсети постарите дека нивното сведоштво за верата може да им даде на младите решителност и храброст.
Папата Фрањо до фармацевтите: Бевте упориште за време на пандемијата
Примајќи ги во аудиенција во понеделник 2 мај 2022 година членовите на Меѓународната унија на католички фармацевти, Папата истакна дека здравствената криза е можност да се биде близок со луѓето преку давање помош „по човечка мера“ и го истакна придонесот кој може да се даде за целосен премин кон целосна екологија.
Папата: Страдам и плачам мислејќи на страдањата на украинското население
На почетокот на месецот посветен на Пресвета Богородица, папата Фрањо ги повика верниците и заедниците секој ден во мај да молат Света Бројаница за мир, со посебен осврт на украинскиот град посветен на Марија – Мариупол.
Папата повика на обезбедување достоинствена работа
Светиот Отец им оддаде почит на новинарите во пресрет на Светскиот ден на слободата на медиумите и повика да се обезбеди достоинствена работа насекаде и за сите
Папата прими поклоници од Словачка: Продолжете да се молите и да работите за мир
Папата Фрањо ги поздрави словачките ходочасници и ги охрабри да негуваат култура на средба и прифаќање, особено во „трагичниот контекст на војната“, каде што многу украински бегалци доаѓаат на нивниот праг.
Царице небесна: Ни треба храброст да започнеме повторно да одиме со Христос
Токму како Петар, Исус нè прашува: „Дали ме љубиш?“ На Велигден, Исус сака и нашите срца да се воздигнат – бидејќи верата не е прашање на знаење, туку на љубов, истакна папата Фрањо во денешното обраќање пред молитвата Царице небесна, поттикнувајќи како Петар, да „скокнеме и да се нурнеме“ во доброто, без премногу да пресметуваме.

