Tag "Папа Фрањо"
Папата Фрањо пристигна во Канада
Папата Фрањо пристигна во Едмонтон, Канада, од каде започнува неговото 37. Апостолско патување во странство, како што го нарече „покајничко ходочастие“ со цел да придонесе за процесот на „исцелување и помирување со домородните народи во земјата. ”
На пат кон Канада, папата Фрањо ја истакна важноста на бабите и дедовците и постарите лица
На пат кон „покајничкото ходочастие“ во Канада, папата Фрањо им се обрати на новинарите кои беа со него на летот и потсети на Светскиот ден на бабите и дедовците и старите лица, кој Црквата го одбележува на 24 јули. Тој посочи дека бабите и дедовците се како корени кои треба да се зачуваат.
Папата замина на „покајничко ходочaстие“ во Канада
Започна 37. Апостолско патување на Светиот Отец во странство. Папата Фрањо утрово, 24 јули 2022 година полета од римскиот аеродром Фиумичино за Канада. Во Едмонтон треба да пристигне во 11.20 часот по локално време.
Моту проприо за заштита на харизмата и унапредување на евангелизацијата
Со документот „Ad charisma tuendum“, Папата одреди од 4 август овластувањето за Прелатурата Опус Деи да се пренесе од Дикастеријата за епископи на Дикастеријата за клер и одредува Прелатот повеќе да не биде епископ. Монсињор Фернандо Окарис истакна дека Папата Фрањо сака новиот Прелат да биде водач, но пред се татко.
„Покајничкото ходочастие“ во Канада Папата го довери на Пресвета Богородица
Како и секогаш од самиот почеток на својот понтификат, па и пред секое меѓународно патување, Папата во петок утрото, 22 јули 2022 година отиде во базиликата Света Марија Велика. Сам, во тишина се помоли пред иконата на Пресвета Богородица Salus Populi Romani, доверувајќи го своето 37. Апостолско патување.
Папата Фрањо на погребот на отец Фарес
Во Генералната курија на Друштвото Исусовци во Рим, Папата сослужуваше на погребот на отец Диего Фарес, кој почина пред два дена на 67-годишна возраст. Во проповедта, директорот на списанието Civiltà Cattolica ја опиша личноста на тој монах: беше силен и во исто време транспарентен, неговиот стил никогаш не беше автореференцијален, туку заснован на дијалог.
Светиот Престол: Германскиот синодален пат не може да донесува доктринарни одлуки
Во соопштението од Ватикан се прецизира дека иницијативата која е во тек во Германија нема овластување да ги обврзе бискупите и верниците на нови начини на управување и нови пристапи кон доктрината и моралот. Се повикуваат да се приклучат на синодалниот пат на општата Црква.
Папата: На болниот крик на Земјата да одговориме со дела
Блиску сме до пресвртна точка, потребна е индивидуално и колективно еколошко преобраќање. Во својата порака за Светскиот ден на молитва за грижа на создадениот свет, Папата, во поглед на двете клучни средби, COP27 и COP15, посветени на двојната криза, климатската криза и онаа поради големото намалување на биолошката разновидност. бара од заедницата на народи одлучна акција.
Папата Фрањо во Канада – патување по патот на исцелување
Директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол во среда 20 јули 2022 година пред новинарите ја презентираше програмата на патувањето, кое од 24 до 30 јули ќе биде покајничко ходочастие за Папата, со цел да се продолжи патот на помирување започнат во последните месеци со Метис, Инуитите и Првите нации, домородни народи погодени од политикта на културна асимислација во колонијалните времиња.
Папата во аудиенција го прими принцот Алберт II. и принцезата Шарлин
Средба на принцот Алберт II. и принцезата Шарлин со Папата, кој ги прими во Апостолската палата во Ватикан, траеше околу половина час.