Tag "Папа Фрањо"
Папата: Оние кои можат, нека посетат богородично светилиште
По молитвата Ангел Господов на празникот Вознесенеие на Пресвета Богородица, 15 август 2022 година, папата Фрањо повика да побараме застапништво од Марија за мир во целиот свет, посебно во Украина, и ги повика сите што можат денес да и оддадат почит на Небесната Мајка во богородично светилиште.
Папата го сврте вниманието на „смртната опасност“ во која се наоѓа Сомалија
Во пладневното обраќање, на крајот од молитвата Ангел Господов во недела 14 август 2022 година, Папата ги посвети своите мисли на Сомалија, земја која се бори со сериозна хуманитарна криза, исто така поврзана со невидена суша во последните децении.
Молитвата на папата Фрањо за милост и сочувство со украинскиот народ
По молитвата Ангел Господов, папата Фрањо, споменувајќи дека пред точно дваесет години, свети Иван Павле II. во Краков го изрече Чинот на посветување на светот на Божјото милосрдие, побара од Господ „посебно милосрдие“ за украинскиот народ кој е жртва на конфликтот што започна пред речиси шест месеци Светот има голема потреба од милост. Тоа е особено неопходно за Украина, која е во војна речиси шест месеци. Во пресрет на празникот Вознесение на Пресвета Богородица, папата Фрањо во своето пладневна обраќање
Папата: Верата не е „приспивна песна“ туку запален оган за дејствување
Папата Фрањо во своето пладневно обраќање пред молитвата Ангел Господов во недела 14 август 2022 година истакна дека во Евангелието од неделната Литургија Исус нè повикува повторно да го разгориме пламенот на верата што не ни дозволува да бегаме од предизвиците во животот, туку напротив, според Божјото Слово „разгорува немир што нè поттикнува да одиме“ и нè предизвикува да излеземе од индивидуализмот и да ја надминеме себичноста.
Испраќање од кардинал Јозеф Томко во Ватикан
Погребот на посмртните останки на кардиналот Јозеф Томко беше извршен во четврток 11 август 2022 година во базиликата Свети Петар во Ватикан. Кардиналот Џовани Батиста Ре, декан на Кардиналскиот колегиум, ја служеше светата Литургија, додека папата Фрањо го предводеше обредот Последна препорака и последен поздрав (Ultima Commendatio и Valedictio).
Близина на Папата со украинскиот народ и со жртвите од пожарот во Куба
На крајот од Генералната аудиенција папата Фрањо ги насочи своите мисли кон украинскиот народ и повика на молитва за многубројните мигранти. Исто така, ја изрази својата близина со погодените од експлозиите и пожарите во складиште за нафта во Куба.
Генерална аудиенција: Староста е ветување, желбата за вечна младост е заблуда
Продолжувајќи го циклусот катехези посветен на значењето на староста на Генералната аудиенција во среда 10 август 2022 година, папата Фрањо зборуваше за староста како време во кое позрело се живее средбата со Бога. Нашето постојано место – објаснува тој – не е на земјата, туку кај Господ, а во животот сме приправници. Невозможно е да се запре времето, истакна Папата.
Да се мисионари значи да се даде се од себе
Папата Фрањо во видео порака им се заблагодари и ги охрабри учесниците во солидарната мисија на аргентинската парохија „Успение на Пресвета Богородица“ меѓу сиромашните од домородната заедница Вичи, во планините на границата меѓу Боливија и Парагвај.
Папата: Чувството на домородните народи за семејство и заедница е скапоцено
Папата Фрањо испрати Твитер порака по повод Меѓународниот ден на домородните народи во светот, кој се одбележува на 9 август.
Сочувство на Папата за смртта на кардинал Томко
Светиот Отец изрази сочувство за смртта на словачкиот кардинал, сеќавајќи се на него како човек поткрепен со длабока вера и далекувидна визија, кој понизно и пожртвувано служеше на Евангелието и на Црквата.