Tag "Папа Фрањо"

Врати се на почетна
Ватикан Вести

Генерална аудиенција: Големиот непријател на верата не е интелигенцијата туку стравот

Според папата Фрањо, најголемата опасност за верата не е разумот или интелектот, туку стравот. Затоа верата е „првиот дар“ што христијаните го добиваат при крштението, рече папата Фрањо за време на Генералната аудиенција во среда 1 мај 2024 година, која ја пренесуваме во целост.

Ватикан Вести

Да молиме за мир; страшно е да се заработува од смрт

На крајот од Генералната аудиенција во среда 1 мај 2024 година папата Фрањо ги спомена жртвите од војната во Украина, Палестина, Израел, како и Рохинџите во Мјанмар и истакна дека, за жал, најпрофитабилните инвестиции се оние поврзани со индустријата за оружје. Тој, исто така, поттикна на молитва за жртвите од поплавите во Кенија, кои погодија 190.000 луѓе

Ватикан Вести

Папата: Во свет поделен од себичност, неопходно е да се сподели дарот на различноста

Светиот Отец во понеделник 29 април 2024 година во аудиенција ги прими учесниците на генералното собрание на Друштвото на милосрдните браќа и браќата на свети Гаврил, по повод големите јубилеи на нивните основачи, 250 години од раѓањето на Света Магдалена од Каноса и 350-годишнината од раѓањето на Свети Лудевит Марија Грињон де Монфорт.

Ватикан Вести

Папата: Венеција, земја која ги прави луѓето браќа

На крајот од посетата на Венеција, папата Фрањо служеше света Литургија на плоштадот Свети Марко во присуство на околу 10.500 верници. Во својата проповед, тој ги охрабри христијаните да ги носат плодовите на правдата и солидарноста и внимателните одлуки за заштита на животната средина и човечкото наследство: „Нека заедниците, населбите, градовите станат пријатни, гостопримливи, инклузивни места“. Донесуваме целосен превод на проповедта

Ватикан Вести

Папата Фрањо ќе учествува на сесијата на Г7 за вештачка интелигенција

Папата ќе учествува на заседанието на групата Г7, отворенo за земјите кои не се членки. Ова беше потврдено од Канцеларијата за печат на Светиот Престол откако италијанската премиерка Џорџија Мелони објави: „Му благодарам на Светиот Отец што ја прифати поканата на Италија. Ова ќе даде одлучувачки придонес во етичкото и културното регулирање на вештачката интелигенција“.

Ватикан Вести

Папата: Постарите луѓе се богатство за новите генерации; не смееме да ги оставиме сами

На 27 април 2024 година, папата Фрањо во салата Павле VI учествуваше на средбата со претставници на лица од третата доба и млади на тема „Нежност и насмевка“ организирана од Фондацијата „Стара доба“ и истакна колку е важно да не се запоставуваат бабите и дедовците. Светиот Отец се присети на учењето на своите предци и раскажа како од својот дедо научил дека војната е страшна работа. Тој ги охрабри присутните да развијат различни проекти за животот со цел да ги

Ватикан Вести

Папата во Венеција: Затворот може да стане место за повторно раѓање

Сите можеме да се излечиме и да бидеме тие кои ќе носиме исцеление, на сите нас може да ни биде простено и можеме да бидеме оние што ќе донесеме прошка, сите можеме да се преродиме и да бидеме тие што ќе донесеме повторно раѓање, им порача папата Фрањо на затвореничките од женскиот затвор „Giudecca“ со кои се сретна на почетокот на неговата посета на Венеција.

Ватикан Вести

Папата: Мирот започнува секој ден на прагот од сопствениот дом

Примајќи ја големата група унгарски ходочесници, папата Фрањо го спомна Апостолското патување во нивната земја, на кое беше пред околу една година. Упати силен апел да бидат мажи и жени на мир по примерот на светците: „Ви благодарам што имате отворено срце за украинските бегалци“.

Ватикан Вести

Папата до Kатоличка акција: Ширeте ја „културата на прегратки“

Шеесет илјади членови на црковнoто движење Kатоличка акција го пречекаа папата Фрањо на плоштадот Свети Петар по повод средбата наречена „Раширени раце“:многу прегратки, пропуштени и причина за бројни конфликти се „во овие денови пред наши очи“ оние кои спасуваат и оние кои го менуваат животот

Ватикан Вести

Папата: Договорениот мир е подобар од бескрајна војна

Во интервју за CBS, папата Фрањо повика на крај на војните во Украина, Газа и во целиот свет. Потсетува дека во Црквата има место за сите: ако парохот не ви изгледа гостопримлив – рече – барајте друго место, секогаш има место, не бегајте од Црквата, таа е голема.