Tag "Папа Фрањо"

Врати се на почетна
Ватикан Вести

Папата: Ја запоставивме молитвата обожавање, треба да ја оживееме

На 12 април 2024 година папата Фрањо ги прими членовите на американската добротворна организација „Папска фондација“ (Papal Foundation), која поддржува различни образовни, добротворни и апостолски проекти на Црквата и доделува стипендии на лаици, свештеници и верници за студирање во Рим. Нејзините програми, истакна Папата благодарение на таа организација, промовираат духовна и братска врска со луѓе од бројни култури, јазици и региони кои ја добиваат помошта.

Ватикан Вести

Во фокусот на молитвена накана на папата Фрањо за април 2024 е достоинството на жените (ВИДЕО)

Да се препознае достоинството на жените и нивното богатство во секоја култура и да се запре дискриминацијата на која тие се жртви во различни делови на светот. Така гласи молитвената накана на Папата за април 2024 година објавена преку Папската светска молитвена мрежа. Светиот Отец ги охрабрува сите луѓе да ги почитуваат жените, а владите да работат на вистинското признавање на нивните права и истакнува: Ако не ги почитуваме жените, нашето општество нема да напредува.

Ватикан Вести

Папата: Со сочувството и влученост треба да им се пристапи на оние кои страдаат

Папата Фрањо ги прими учесниците на пленарната седница на Папската библиска комисија и во својот говор се осврна на темата на седницата „Болестите и страдањата во Библијата“: болката и слабоста треба да се допираат со рака, не теоретски, туку како Исус, кој не ги „објаснува“ туку се наведнува кон оние што се засегнати од нив.

Ватикан Вести

Папата: Неопходно е да се развива „култура на инклузија“

Папата Фрањо ги прими учесниците на пленарната седница на Папската академија за општествени науки и истакна дека е неопходно да се развие „култура на инклузија“ за да можат оние кои се на маргините да бидат полноправни учесници во општеството.

Ватикан Вести

Папата: Силата нè принудува да реагираме и да кажеме решително „не“ на секое зло

Зборувајќи за „најборбената“ крепост – за силата – на Генералната аудиенција во среда 10 април 2024 година, папата Фрањо истакна дека таа обезбедува цврстина и постојаност во потрагата по добро во тешкотиите. Силата нѐ опремува да го победиме стравот, па дури и смртта, и да се соочиме со искушенија и прогонства.

Ватикан Вести

Иконата на милосрдието ќе патува низ светот до јубилејот во 2033 година

Во неделата на Божјото милосрдие и во годината посветена на молитвата, започна меѓународното патување „Ходочестие на милосрдието“, со икона која ја благослови папата Фрањо на 6 ноември 2023 година, за време на аудиенција во која ги прими волонтерите и корисниците на Малата куќа на милосрдието од Гела, Сицилија.

Ватикан Вести

Папата Фрањо ги прими семејствата на израелските заложници

Папата Фрањо во понеделник 8 април 2024 година во Ватикан прими делегација од роднини на лицата кои Хамас ги киднапираше на 7 октомври минатата година и со нив разговараше околу еден час. Во Италија делегацијата ќе се сретне со претставници на италијанските институции и еврејските заедници

Ватикан Вести

„Dignitas infinita“ зборува за „сериозно нарушување“ на човечкото достоинство

„Dignitas infinita“, декларацијата на Дикастеријата за наука на верата за човечкото достоинство, е објавена на 8 април во Ватикан, а е резултат на петгодишна работа. Главната новина на документот е вклучувањето на некои клучни теми од неодамнешното Папско учителство кои ја надополнуваат биоетиката.

Ватикан Вести

Папата: Поддржете ги гестовите кои овозможуваат преговори во Украина и Светата Земја

По молитвата Царице небесна во недела 7 април 2024 година, Папата ги охрабри верниците да продолжат да се молат за прекин на конфликтите, охрабрувајќи ги оние кои работат на намалување на тензиите и поттикнување на гестови кои овозможуваат преговори. Тој се помоли и за 45 ходочесници кои загинаа во сообраќајна несреќа во Јужноафриканската Република.

Ватикан Вести

Обраќање на папата Фрањо пред молитвата Царице небесна

Донесуваме целосен превод од обраќањето на Светиот Отец за време на молитвата Царце небесна, во недела на Божјото милосрдие, 7 април 2024 година.