Tag "Папа Фрањо"
Ангел Господов: Како христијани, го имаме Евангелието, а како граѓани го имаме Уставот
Во недела, 7 јули 2024 година, папата Фрањо ја измоли молитвата Ангел Господов со верниците собрани на светата Литургија по повод завршувањето на 50-тата Католичка социјална недела во Италија што се одржа во Трст од 3 до 7 јули. Пред молитвата Папата упати наговор, која го пренесуваме во целост.
Проповед на Папата на светата Литургија по повод завршувањето на 50-тата Католичка социјална недела во Трст
За време на патувањето во Трст по повод завршувањето на 50-та Католичка социјална недела во Италија во недела, 7 јули 2024 година, папата Фрањо го предводеше литургиското славење на кое одржа проповедта, која ја пренесуваме во целост.
Папата во Трст ќе присуствува на 50-тата социјална недела на италијанските католици
Со посета на папата Фрањо во Трст, град во североисточна Италија ќе заврши „јубилејната“ социјална недела за италијанските католици, која се фокусира на тема учество и демократија.
Папата прими група мигранти
Во вторник, 2 јули 2024 година, папата Фрањо во Домот Света Марта прими Сенегалец и Гамбиец, кои напишале книги за одисејата низ која поминале во потрага по нова земја. Мигрантите беа придружувани од капеланот на здружението „Медитеранеа спасување на луѓе“, дон Матија Ферари и основачот на здружението Лука Касарини.
Папата: Оние кои сакаат војна треба да се свртат кон дијалог и мировни проекти
Во обраќањето по молитвата Ангел Господов во недела 30 јуни 2024 година, Папата го повика Пресветото Срце Исусово да допре до срцата на оние кои водат војни. Потоа ги охрабри верниците да не ги заборават земјите погодени од насилство: Украина, Светата Земја, Мјанмар. Осврнувајќи се на светите Римски првомаченици, тој истакна дека и денес живееме во време на мачеништво, „повеќе отколку во првите векови“: „Во различни делови на светот, многу браќа и сестри трпат дискриминација и прогонство поради нивната вера,
Одобрена е канонизацијата на Карло Акутис и на 14 други блажени
Папата Фрањо претседаваше со редовниот конзисториум за гласање за некои процеси за канонизација. Одлучено е четиринаесет лица да бидат прогласени за светци на 20 октомври годинава, а младиот мирјанин Карло Акутис да биде прогласен за светец во текот на Јубилејот 2025 година, на датум кој ќе се одреди дополнително.
Ангел Господов: Сите нека бидат прифатени и сакани, без етикети и предрасуди
Две чуда, едното исцелување, а другото воскресение, беа тема на обраќањето во недела 30 јуни 2024 година, кое светиот отец Фрањо го упати на верниците собрани на плоштадот Свети Петар пред молитвата Ангел Господов.
Папата Фрањо донира трето амбулантно возило за украинска болница
Папата Фрањо по осми пат го испрати кардиналот Конрад Крајевски, префект на Дикастеријата за служба на милосрдието, во Украина за да го достави третото возило за брза помош и лекови за помош на настраданото население.
Папата се надева дека ќе ја посети Турција за годишнината од Никејскиот собор
Папата Фрањо се сретна со делегацијата на Цариградската Вселенска патријаршија и изрази надеж дека следната година ќе ја посети Турција по повод 1700-годишнината од Никејскиот собор, првиот вселенски собор.
Папата Фрањо: Примирјето е итно, нема победник во војна
Папата Фрањо ги прими учесниците на пленарната седница на Унијата за помош на Источните цркви (РОАКО) и потсети на областите погодени од конфликти и насилство: Украина, Сирија, Либан, Кавказ, Тиграј и Светата Земја. „Насилството никогаш нема да донесе мир“, предупреди тој, нарекувајќи ја војната „бесмислен и неубедлив потфат“.