Tag "Папа Фрањо"
Сто илјади млади на бдение со Папата во Мадагаскар
Вториот ден од апостолската посета на папата Фрањо на Мадагаскар заврши со молитвеното бдение со младите во огромниот простор во епархијата Антананариво, недалеку од главниот град.
Папата во Мадагаскар: Средба со бискупите во Мадагаскар
Во катедралата во Андохало, посветена на Безгешното зачнување на Богородица, која е сместена во населбата Ренивохитра во Антанариво, Папата се сретна со бискупите од Мадагаскар. На влезот во катедралата го пречекаа претседателот на Бискупската конференција, кардинал Десире Царахазан, во придружба на парохот.
Папата во Мадагаскар: Посета на манастирот на босоногите Кармилитјанки
Во продолжение на Апостолската посета на Мадагаскар и во ден полн со средби и говори, освежувачки момент беше молитвата на папата Фрањо со босоногите Кармилитјанки, на 7 септември 2019 година попладнето, во нивниот манастир во Антанариво. Светиот Отец ја истакна важноста на малите гестови на љубов, затоа што тие го спасуваат светот и ги советуваше монахињите
Папата во Мадагаскар: Средба со малгашките власти
На 7 септември претпладне папата Фрањо во претседателската палата во Антанариво се сретна со властите, претставниците на граѓанското општество и Дипломатскиот кор во Мадагаскар. Во говорот кој го одржа папата Фрањо по тој повод од присутните побара да се посветат на целосниот развој на жителите, не исклучувајќи никого
Папата Фрањо: Мозамбик има право на мир
Омразата и осветата не можат да бидат двигатели во земјата, потребно е да се надмине корупцијата и политичките лични инстреси како би се сочувала надежта за иднината во мир. Тоа го истакна папата Фрањо за време на светата Литургија на стадионот Зимпето во Мапуто, со што заврши посетата на Мозамбик и после тоа Светиот Отец отпатува за Мадагаскар.
Папата до младите: Бидете обединети заради Мозамбик
Сонувајте со другите, никогаш против другите, сонувајте како што сте ја сонувале и подготвувале ова средба, обединети и без пречки – рече папата Фрањо за време на средбата со младите во Мозамбик.
Мозамбик: Папата го посети здравствениот центар Зимпето
Третиот ден од Апостолската посета на Мозамбик папата Фрањо го започна со посета на пациентите и вработените во Здрвствениот центар во Зимпето, населба на периферијата на Мапуто, во кој се реализиара проектот „DREAM“, на Заедницата свети Егидиј, каде се лекуваат илјадници жени и заразени од ХИВ.
Папата до свештениците и монашките заедници: Вашиот умор треба да произлезе од способноста за сочувство
Идентитетот на свештениците и богопосветените лица, духот на служење, културата на средба – се некои од темите за кои папата Фрањо зборуваше на 5 септември 2019 година во катедралата во Мапуто, пред бискупите, свештениците, монасите, монахињите и богословите, на кои им ја предочи Марија како пример која потполно се надева на Господ.
Папата се сретна со претставници на властите во Мозамбик
Папата Фрањо се обрати пред Претседателот, членовите на Владата и парламентот, претставниците на граѓанското општество и дипломатскиот кор во Претседателската палата во Мапуто, главниот град на Мозамбик.
Папата пристигна во Мозамбик
Папата Фрањо пристигна во Мапуто – Мозамбик, во среда 4 Септември навечер, прва дестинација од 31. Апостолско патување и четврто во Африка. Мото на посетата во Мозамбик е „Надеж, мир и помирување“.