Tag "Папа Фрањо"
Ангел Господов: Молитвата ги отвора нашите срца за Господ
По светата Литургија во Сикстинската капела и крштевањето на 16 деца, Папата во обраќањето пред молитвата Ангел Господов на 9 јануари 2021 година ја продолжи мислата од хомилијата за Изралескиот народ кој доаѓа на Јордан со разоткриени нозе и души. Ако не сакаме да бидеме обземени од секојдневните тешкотии, потребна ни е молитва – тоа е начинот да му дозволиме на Бог да дејствува во нас, рече папата Фрањо.
Папата Фрањо на празникот Богојавление: Како мудреците да сонуваме, да трагаме, да се поклонуваме
Светиот Отец во проповедта за празникот Богојавление, 6 јануари рече дека мудреците кои одат во потрага по Господ потсетуваат на оние кои не се помируваат со апатичен живот, кои дозволуваат да бидат предизвикани. Мудреците кои се враќаат по друг пат нѐ поттикнуваат да тргнеме по нови патишта за на сите да им го донесеме Евангелието, рече Папата.
Папата Фрањо: Посвојувањето еден од највозвишените облици на љубов и родителството
Папата Фрањо на Генералната аудиенција во среда 5 јануари 2022 година сподели размислување за татковството на свети Јосиф, молејќи ниту едно дете да не биде лишено од татковска љубов.
Молитвената накана на Папата: Или сме браќа или сите губиме
Папата Фрањо одлучи првата молитвена накана во 2022 година да ја посвети на оние кои страдаат поради верска дискриминација и прогонство. Во видео пораката Светиот Отец потсетува дека верската слобода не е ограничена само со пoчитување на Бог, туку е поврзана и со братството.
Лоик Росиер е новиот заменик командант на швајцарската гарда
Папата Фрањо именува нов заменик командант на швајцарската гарда. Лоик Росиер го замени Филип Морар, објави Канцеларијата за печат на Светиот Престол на1 јануари 2022 година.
Папата вети дека ќе моли за закрепнување на аргентинскиот нобеловец Перез Ескивел
Папата Фрањо ги вети своите молитви за побрзо закрепнување на Адолфо Перез Ескивел, аргентинскиот добитник на Нобеловата награда за мир. Светиот Отец ја изрази својата близина во кратката порака што ја испрати во недела 2 јануари 2022 година, се наведува на интернет страницата на аргентинската епархија Мар дел Плата.
Ангел Господов: Бидете отворени за Бог кој сака да се всели меѓу нас
Папата во својото говор пред молитвата Ангел Господов на 2 јануари 2022 година ги поттикна верниците да стапат во близок однос со Господ, кој од Слово стана Тело; да застанеме пред јаслите и да му зборуваме за нашите конкретни настани
Ангел Господов: Мирот е дар и плод на заедничка посветеност
Во своето прво пладневно обраќање во 2022 година, на 1 јануари, папата Фрањо ги охрабри верниците да се ангажираат за градење на мир, молејќи се Марија, Царицата на мирот, да постигне складност во нашите срца и во целиот свет.
Тезе: Папата упати поздрав до младите учесници на 44 европска средба
Духот Божји не престанува да делува и да ги побудува творците на братството, солидарноста и единството, пишува кардиналот Пиетро Паролин во пораката со која ја изразува близината на Светиот Отец до младите кои учествуваат во изменетиот облик на 44 европската средба на млади во организација на заедницата Тезе.
Папата Фрањо: Да се ставиме под заштита на Богородица
На празникот Пресвета Богородица Папата истакна дека Марија е жена која „чува размислувајќи“, способна да се справи со „скандалот на јасилите“ принесувајќи болка во тишината и покажувајќи „генеративна“ вера, бидејќи е способна да ги поврзе убавите и грдите работи во согласност со Божја перспектива. На првиот ден од годината, папата Фрањо ги посвети своите мисли на мајчинската, дарежлива и плодна љубов на Марија. Гледа на нејзиното „да“, на нејзината болка од неправдите што ги претрпел нејзиниот Син, на нејзиниот пример