Tag "Папа Фрањо"
Иконата на милосрдието ќе патува низ светот до јубилејот во 2033 година
Во неделата на Божјото милосрдие и во годината посветена на молитвата, започна меѓународното патување „Ходочестие на милосрдието“, со икона која ја благослови папата Фрањо на 6 ноември 2023 година, за време на аудиенција во која ги прими волонтерите и корисниците на Малата куќа на милосрдието од Гела, Сицилија.
Папата Фрањо ги прими семејствата на израелските заложници
Папата Фрањо во понеделник 8 април 2024 година во Ватикан прими делегација од роднини на лицата кои Хамас ги киднапираше на 7 октомври минатата година и со нив разговараше околу еден час. Во Италија делегацијата ќе се сретне со претставници на италијанските институции и еврејските заедници
„Dignitas infinita“ зборува за „сериозно нарушување“ на човечкото достоинство
„Dignitas infinita“, декларацијата на Дикастеријата за наука на верата за човечкото достоинство, е објавена на 8 април во Ватикан, а е резултат на петгодишна работа. Главната новина на документот е вклучувањето на некои клучни теми од неодамнешното Папско учителство кои ја надополнуваат биоетиката.
Папата: Поддржете ги гестовите кои овозможуваат преговори во Украина и Светата Земја
По молитвата Царице небесна во недела 7 април 2024 година, Папата ги охрабри верниците да продолжат да се молат за прекин на конфликтите, охрабрувајќи ги оние кои работат на намалување на тензиите и поттикнување на гестови кои овозможуваат преговори. Тој се помоли и за 45 ходочесници кои загинаа во сообраќајна несреќа во Јужноафриканската Република.
Обраќање на папата Фрањо пред молитвата Царице небесна
Донесуваме целосен превод од обраќањето на Светиот Отец за време на молитвата Царце небесна, во недела на Божјото милосрдие, 7 април 2024 година.
Папата до Фрањевците: Бидете носители на простувањето
Папата Фрањо потсети на 800-годишнината од стигмите на Свети Фрањо од Асизи и ги охрабри Фрањевците да го даваат Божјото простување и милости на сите кои страдаат во тело и дух.
Папата ја посети римската парохија Свети Ерик во областа Касал Монастеро
Папата Фрањо ги продолжува посетите на парохиите на неговата бискупија за да се сретне со свештениците. Попладнето, во петок 5 април 2024 година, посети парохиа во североисточниот дел на Рим, во областа Касал Монастеро. Разговорот со свештениците од XI. префектура на Северниот сектор се одржа зад затворени врати, во присуство на помошниот бискуп Даниеле Салера.
Папата Фрањо: Во центарот на свештеничкиот живот е љубовта
Во четврток, на 4 април 2024 година, во Апостолската палата, папата Фрањо прими претставници на три папски заводи: „Пио Бразилијано“, „Пио Латиноамерикано“ и „Месикано“. Во говорот што им го врачи, тој истакна дека она што го приближува секој свештеник до Бога е да се дарува себеси на ближниот.
Папата повика на прекин на огнот на Блискиот Исток
По катехезата на Геенралната аудеинција во среда, 3 април 2024 година, Светиот Отец повторно апелираше за прекин на огнот во Појасот Газа.
Генерална аудиенција: Праведниците се сонувачи кои во своите срца ја чуваат желбата за универзално братство
Фокусирајќи се на крепоста праведност на Генералната аудиенција која ја одржа на 3 април 2024 година, папата Фрањо во катехезата порача дека без неа нема мир. Кога не се почитува, доаѓа до конфликти и се воспоставува законот на злоупотреба на посилниот над послабиот.