Tag "Папа Фрањо"
Папата: Треба да се дадат конкретни одговори и надеж на семејствата кои се борат
Во пораката до учесниците на дводневниот конгрес за наталитетот (Stati Generali della natalità), папата Фрањо истакна дека се работи за кратковидост доколку не се види проблемот со денаталитетот и дека треба да се посвети внимание на „генеративното сиромаштво“. Тој, исто така, поттикна да се промени правецот на демографската зима.
Порака на Папата за Светскиот ден на мигрантите и бегалците: Подобра иднина се гради заедно
Објавена е пораката на Папата за 108. Светски ден на мигрантите и бегалците што ќе се слави на 25 септември. Во неа папата Фрањо повикува на градење на иднината со помош на луѓето кои ги напуштиле своите домови во потрага по подобар живот.
Генерална аудиенција: Бабите и дедовците се луѓе со таленти, кои треба да бидат ценети
Во катехезата на Генералната аудиенција, папата Фрањо зборуваше за Јудита, библиска хероина, како пример за придонесот што постарите можат великодушно да им ги дадат на семејствата и општеството; односот меѓу генерациите треба да се преобликува за да се направи поплодна размената меѓу постарите и младите
Папата се противи на насилството во Шри Ланка: Нека се чуе плачот на народот
На крајот од Генералната аудиенција, Папата упати зборови до младите од Шри Ланка, кои направија нивниот глас да се слушне за социјалните и економските проблеми во таа азиска земја. Сите мора да имаат мирен однос и властите да ги почитуваат човековите права и граѓанските слободи, нагласи Светиот Отец. На Богородица од Фатима ѝ ја довери голема желба за мир во светот.
Папата Фрањо: Молитвите на бабите и дедовците и постарите можат да помогнат да се променат срцата
На 10 мај 2022 година е објавена пораката на Светиот Отец за Вториот светски ден на бабите и дедовците и старите лица што ќе се одбележи на 24 јули. Папата ги повикува бабите и дедовците и постарите да бидат водачи во „револуцијата на нежноста“ и да ги поддржат со дела и молитви не само нивните внуци, туку и многу исплашени внуци кои се уште не ги запознале, а кои можеби бегаат од војната или страдаат од последиците. Зборовите на псалмистот:
Ден на коптско-католичкото пријателство
Папата Фрањо испрати порака до коптскиот православен патријарх на Египет Тавадрос II. по повод деветтиот ден на коптско-католичкото пријателство.
Папата: Универзитетот е привилегирано место за развој на култура на средба
Денес е неопходно на сите нивоа одлучно да се оди по патот на дијалог, истакна Папата, во понеделник 9 мај 2022 година, на средбата со студентите и вработените на Универзитетот во Мачерата. Како што рече, инвестирањето во образованието, училишта и универзитети се најдобрата инвестиција за иднината на една држава.
Царице небесна: Да го слушаме, да се сретнеме и да го следиме Исус
Христијаните се повикани да бидат деца кои слушаат. Во своето пладневно обраќање, папата Фрањо ги охрабри верниците да најдат време за Божјото Слово, да откријат дека Тој ги сака и дека затоа се способни да Го сакаат во својот ближен. Денес сме преплавени со зборови и грижи дека секогаш мораме нешто да кажеме и направиме, но според Господ треба прво да слушаме
Папата повика на молитва за жртвите од експлозијата во Куба
По молитвата Царице небесна, Папата се спомна на сите мајки, на денот посветен на нив и беатификацијата на мисионерката Агучита. Се осврна на Светскиот ден на молитва за духовни звања и поттикна на молитвата за жртвите од експлозијата во Куба.
Папата повика секојдневно да се моли Света Бројаница за мир
По молитвата на Царице небесна, Папата потсети на луѓето кои страдаат од последиците на војната и гледајќи во Украина, потсети на денешната традиционална молитва до Пресвета Богородица од Помпеја.