Tag "Папа Фрањо"
Папата се молеше пред моштите на перуанските светци
На 21 јануари 2018 година, во катедралата „Св. Иван Апостол“ во Лима, папата Фрањо заедно со околу 2500 свештеници, монаси, монахињи, семинаристи, на Бог посветени лаици и припадници на црковните движења се молеше пред моштите на перуанските светци.
Папата повика на прекин на насилството во Конго
На 21 јануари 2018 година, Папата на плоштадот „Plaza de Armas“ во Лима ја предводеше молитвата Ангел Господов, а пред молитва упати апел до властите во ДР Конго да направат сè што е во нивна моќ за да се избегне било каков облик на насилство и да бараат решение во корист на општото добро.
Папата: Љубовта кон ближниот е противотров за рамнодушноста
Противотровот за глобализацијата на рамнодушноста е секојдневното живеење на љубовта кон Бог и кон ближните – истакна папата Фрањо за време на свеченото литургиско славење во Лима, на 21 јануари 2018 година, на кое учествуваа околу милион и триста илјади верници.
Папата до младите: Останете поврзани со Исус
Бидете протагонисти на промените во земјата и Црквата така што ќе останете „поврзани“ со Христос правејќи го она што Тој би го правел да е на ваше место – ги охрабри папата Фрањо младите Чилеанци со кои се сретна на 17 јануари 2018 година во националното светилиште „Маипу.“
Не го прогласувајте за нормално насилството врз жените
По средбата со претставниците на народот на Амазонија во градот Пуерто Малдонадо, на 19 јануари 2018 година, папата Фрањо се сретна и со локалното население.
Папата: Нашите звања имаат корени во земјата и срце на небото
Откако ја посети катедралата во Трухилјо во Перу, и положи цвеќе пред Пресвета Богородица, папата Фрањо на 20 јануари 2018 година, замина во богословијата, каде се сретна со свештениците,
Папата до перуанските власти: Бранете ја надежта
Работете на тоа за соочени со еколошката деградација и корупцијата да ја бранете надежта – истакна папата Фрањо за време на средбата со перуанските власти, граѓанското општество и дипломатскиот кор во главниот град Лима.
Перу: Папата го осуди насилство врз жените
На 20 јануари 2018 година, папата Фрањо во перуанскиот град Трухилјо го предводеше чествувањето на Блажена Дева Марија по повод празникот „Пресвета Богородица од вратата“, осудувајќи го во својот говор насилството над жените.
Папата го посети домот за сираци во Пуерто Малдонадо
На 19 јануари 2018 година по средбата со народите на Амазонија, Светиот Отец се упати кон институцијата „Hogar Principito – Дом на малиот принц“ во перуанскиот град Пуерто Малдонадо за да се сретне со деца без семејства.
Папата: Драги сестри потребни сте ѝ на Црквата
На 21 јануари 2018 година, утрото според локално време во светилиштето „Господ од чудата“ во Лима, папата Фрањо ја предводеше молитвата на која учествуваа припадници на различни контемплативни редови.