Tag "Папа Фрањо"
Папата ги поздрави учесниците на Римскиот маратон
Папата Фрањо му честиташе на спортското здружение Атлетика Ватикана за иницијативата за солидарност со сиромашните. Во саботата беше отслужена света Литургија за маратонците, предводена од надбискупот Галагер. Четири „ватикански“ штафети се именувани по енцикликите на папата Фрањо.
Ангел Господов: Не останувајте фокусирани на грешките
Како постариот син во Евангелието од денешната Литургија и ние нашиот однос со Бога знаеме да го темелиме исклучиво на заповедите, забележа папата Фрањо за време на молитвата Ангел Господов во недела 27 март 2022 година. Оние кои згрешиле често се чувствуваат вкоренети во нивните срца. Оддалеченоста, рамнодушноста и грубите зборови не помагаат. Затоа како Отецот, така и ним треба да им се приреди срдечно добредојде, што ги поттикнува да одат напред, рече Папата.
Папата Фрањо: Мора да се стави крај на војната пред да биде избришан човекот од историјата
Откако ја измоли молитвата Ангел Господов во недела 27 март 2022 година, Папата уште еднаш апелираше за прекин на војната во Украина. Неопходно е да се отфрли војната, место на смрт каде татковците и мајките ги закопуваат своите деца, каде што луѓето ги убиваат своите браќа без да ги видат, каде одлучуваат моќните, а умираат сиромашните – нагласи Светиот Отец.
Папата Фрањо ќе подари амбулантно возило на Украина
Само неколку недели по првата посета на Украина, апостолскиот милостинар патува во Лавов за да донирана од Папата амбулантно возило.
Чинот на посветување на Безгрешното Срце на Марија е гест на целосно доверување на децата во неволја
Предводејќи го славењето на Светата Тајна Покајание, кое во базиликата Свети Петар беше проследено со чинот на посветување на целото човештво, посебно на Русија и Украина на Безгрешното Срце Марија, Светиот Отец на празникот Благовештение, 25 март 2022 година, рече: .Потребна ни е мудра и кротка сила Божја, а тоа е Светиот Дух“.
Во заедништво со папата Фрањо бискупот Стојанов го посвети човештвото на Безгрешното Срце на Марија
Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. Киро Стојанов на 25 март 2022 година од базиликата Свети Петар во Рим, во заедништво со папата Фрањо и бројни кардинал и бискупи од ширум светот го посвети целото човештво, посебно Русија и Украина, на Безгрешното Срце на Марија.
Папата: Жените можат да бидат протагонисти на промените
Обраќајќи им се на членовите на Италијанскиот женски центар, Папата ја истакна важноста на нивниот придонес, кој може да го промени начинот на управување со светот и со тоа да поттикне промена од логиката на доминација во логика на служење и грижа. Светиот Отец во својот говор ја спомна Украина, повикувајќи на разоружување и стремеж за светскиот мир.
Папата Фрањо упати писмо до бискупите во целиот свет
Папата Фрањо испрати писмо до сите католички бискупи во пресрет на осветувањето на Русија и Украина на Безгрешното Срце на Марија, нарекувајќи го „гест на Универзалната црква“ во кој се моли за крај на насилството и страдањата на невините луѓе.
Бискупот Стојанов посветувањето ќе го изврши од базиликата Свети Петар во Рим во заедништво со папата Фрањо
Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. Киро Стојанов се придружува на повикот на папата Фрањо, на молитвата за посветување на човештвото, посебно Русија и Украина и ги повикува парохиите, монашките заедници, црковни движења и целиот Божји народ во Македонија, на 25 март 2022 година, по можност во 18,30 часот, да земат молитвено учество во свечениот чин на посветување на човештвото на Безгрешното Срце на Марија, посебно Русија и Украина.
Генерална аудиенција: Верата на постарите за младите е „катехизам“ на животот
На Генералната аудиенција во среда 23 март 2022 година, папата Фрањо продолжи со размислувањата на темата за староста, предлагајќи го примерот на Мојсеј кој на крајот од своите денови го објавува името Господово, пренесувајќи им го на новите генерации наследството на неговиот живот кој го поминал со Бог. Колку би било убаво кога пренесувањето на верата на младите сѐ уште би доаѓала од постарите.