Tag "Папа Фрањо"
Царице небесна: Со Светиот Дух стануваме мажи и жени на мир
Колку повеќе чувствуваме дека нашето срце е вознемирено, толку повеќе се чувствуваме нервозни, нетрпеливи, лути одвнатре, толку повеќе треба да му се молиме на Господа за Духот на мирот. Светиот Дух е тој што нè потсетува дека покрај нас има браќа и сестри, а не пречки или противници. Ни дава сила за простување, да почнеме одново, да појдеме одново, потсети папата Фрањо во своето обраќање, во недела 22 мај 2022 година, пред молитвата Царице небесна на плоштадот Свети Петар.
Близина на Папата со верниците во Кина
На крајот од молитвата на Царице небесна, во недела 22 мај 2022 година, папата Фрањо потсети на претстојниот празник на Пресвета Богородица, Помошничка на христијаните, која е посебно се чествува во Кина како нивен заштитник, во светилиштето Шешан во Шангај и низ целата земја.
Папата: Животот е свет и неприкосновен; не можеме да го замолчиме гласот на совеста
Во обраќањето по молитвата Царице небесна, во недела 22 мај 2022 година, Папата, меѓу другите, ги поздрави и учесниците на националната манифестација „Избираме живот“ во Рим и им се заблагодари за нивната посветеноста во корист на животот и одбраната на приговорот на совеста.
Телеграма со сочувство на Папата за смртта на претседателот на Обединетите Арапски Емирати
Во телеграма со сочувство за смртта на шеикот Калифа Бин Зајед Ал Нахјан, кој почина на 13 мај, папата Фрањо потсетува на неговата посветеност на единството и солидарноста на човечкото семејство, вредностите што го вдахновија Документот за човечко братство потпишан во Абу Даби.
Папата: Црквата мора да помогне во лекување на човечката деструктивност
Папата Фрањо го пофали Институтот за психологија на Папскиот универзитет Грегоријана за 50-годишната активност, нагласувајќи дека Црквата мора да му понуди на светот компетентни луѓе кои ќе дадат одговор на воените уништувања и конфликтите вкоренети во човечката природа.
Во борбата против трговијата со луѓе, застапете се за одговорно користење на технологијата и социјалните мрежи
Обраќајќи им се на учесниците на меѓународната конференција Santa Marta Group за борба против современите форми на ропство, папата Фрањо изрази надеж за обновена етичка визија за политичкиот, економскиот и социјалниот живот, фокусирана на луѓето, а не на профитот. Тој ја повтори важноста за поддршка на жртвите, кои премногу често се заборавени и безгласни.
Монах кој не е свештеник може да стане поглавар на монашка установа
Папата Фрањо, во рескриптот (уредба) објавен на 18 мај 2022 година, ја востанови можноста членовите на верските семејства, дури и ако не се ракоположени за свештеници, да бидат назначени за поглавари на свештенички верски установи или клерички друштва на апостолски живот. Во оваа категорија спаѓаат членовите на верските заедници кои се „неклерички соработници“, односно членови кои во многу конгрегации се нарекуваат „браќа“.
Папата: Хуманитарната поддршка и чувството за братство не смеат да се засноваат на географијата
Папата Фрањо прими нови нерезидентни амбасадори во Светиот Престол од Пакистан, Обединетите Арапски Емирати, Бурунди и Катар и ги охрабри државите да не губат надеж во свет исполнет со човечко братство и мир. Тој потсети на бројните конфликти во светот кои немаат медиумско внимание и посочи дека хуманитарната поддршка и чувството за братство не смее да се заснова на географијата или личниот интерес.
Папата: Следете го свети Шарл де Фуко на патот на маленкоста, понизноста и солидарноста
Папата Фрањо се сретна со мажи и жени вдахновени од харизмата на свети Шарл де Фуко и го посочи фокусот на овој нов светец на Католичката црква на Христовата љубов кон сите луѓе.
Генерална аудиенција: Бог претпочита лута молитва отколку лицемерна религиозност
Продолжувајќи ја катехезата посветена за староста, папата Фрањо на овонеделната Генерална аудиенција зборуваше за библиската личност Јов, кој сведочи за нежниот Бог и кога молчи. Бунтот на Јов нè учи да бидеме слободни кога се молиме, обраќајќи му се на Отецот како деца кој нè разбира и слуша, потсети Светиот Отец.