Папата телефонски разговараше со претседателите Перес и Абас
Состојбата во Газа е сѐ потешка; израелската војска покрена копнена офанзива. Во тој контекст папата Фрањо откако во неделата упати силен апел да се продолжи да се моли за мир во Светата Земја, на 18 јули 2014 година лично телефонира на претседателот Шимон Перес и претседателот Махмуд Абас.
Папата со двајцата претседатели ја сподели својата голема загриженост заради сегашната состојба на конфликтот – како што стои во соопштението на Канцеларијата за печат при Светата Столица – на посебен начин го опфаќа појасот Газа и кој во атмосфера на сѐ поголеми непријателства, омраза и страдање на тие два народа, сее многу жртви, предизвикувајќи ја и така тешката хуманитарна криза.
Како што веќе направи на свето неодманешно ходочастие во Светата Земја и во приликата за повик за мир на 8 јуни, папата Фрањо ја загарантира својата постојана молитва, како и молитвата на целата Црква за мир во Светата Земја. Освен тоа, со своите соговорници кои ги смета за луѓе на мирот и оние кои сакаат мир ја сподели потребата за продолжување на молитвата и заземање на сите заинетересирани страни како и сите оние кои имаат политичка одговорност на локално и на меѓународно ниво да се заземат за да се прекине секое непријателство и да вложат напори во корист на примирје, мир и помирување на срцата – истакнато е во соопштението на Канцеларијата за печат на Светата Столица.
РВ/Д.И.