Папата Лав XIV ги повика Аргентинците да останат обединети во верата

Папата Лав XIV ги повика Аргентинците да останат обединети во верата

Папата Лав XIV ги поздрави верниците собрани пред резиденцијата на надбискупот во Кордоба и ги повика сите Аргентинци да го зачуваат единството, нагласувајќи дека „кога сме обединети, можеме да постигнеме сè“.

По свечената света Литургија на отворено во Кордоба во вторник наутро, папата Лав XIV одвои време да ги поздрави илјадниците луѓе собрани пред резиденцијата на надбискупот.

Од балконот на резиденцијата, Папата спонтано им се обрати на присутните и Му заблагодари на Бога за дарот на верата и за можноста сите заедно да ја споделат „на овој празничен ден“.

„Погледнете колку луѓе излегоа на улиците! Ви благодарам што ме пречекавте, ви благодарам за овој поздрав, но пред сè, да Му благодариме на Бога за дарот на животот, за овој ентузијазам, за ентузијазмот на младите!“, рече Светиот Отец.

Потоа папата Лав ги повика Аргентинците да Му заблагодарат на Бога за дарот на единството и ги охрабри да останат обединети.

„Кога сме обединети, можеме да постигнеме сè. Бог е близу до вас и секогаш ќе биде со вас“, нагласи тој.

Пред да се врати во резиденцијата на ручек, папата Лав XIV ги повика аргентинските католици храбро да ја живеат својата вера.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот