Молитвената накана на епископот Стојанов за мецец јули 2026 е летниот период да биде време на одмор за телото, но и за обнова на душата.
Во месецот јули, кога многумина заминуваат на одмор и го менуваат секојдневниот ритам на животот, ве повикувам да молиме летните денови да не бидат одмор од Бога, туку можност за поконкретна средба со Него.
Да молиме Господ да ги благослови сите семејства, децата и младите, сите што патуваат, одмораат или доаѓаат во своите родни краеви. Нека ги чува по патиштата и нека им подари време исполнето со радост, заедништво и духовна обнова.
Овие денови нека бидат можност повторно да го слушнеме Божјиот глас, повлекувајќи се во тишина, отворајќи го срцето за Него и препознавајќи Го во убавината на созданието. Како што вели псалмистот: „Покажи ми го, Господи, патот по кој да одам, зашто кон Тебе ја вознесувам душата своја“ (Псалм 142,8).
Да молиме никој да не ја занемари неделната света Литургија и личната молитва, туку, каде и да се наоѓа, да остане соединет со Христос, Кој е извор на вистински мир и одмор за човечкото срце.
Овој период нека биде време на одмор за телото, но и за обнова на душата.
к.мк

