Струмица: Вечер со Богородица

Струмица: Вечер со Богородица

Со благослов на Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов, во недела 21 јуни 2026 година со почеток во 20.00 часот, во дворот на црквата „Раѓање на Свети Иван Крстител“’ во Струмица ќе се одржи годишната молитвена средба во чест на Богородица, насловена „Вечер со Богородица“.

Програмата ќе содржи Света Бројаница, Литанија до Пресвета Богородица, сведоштво, размислување и заедништво.

Настанот „Вечер со Богородица“ е во организација на парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ – Струмица и Радио Марија и се организира шеста година по ред.

к.мк

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот