Шеснаесетти ден: Душата, жртва на Пресветото Срце
Душата избрана како жртва ги усвојува Исусовите чувства кога, слегувајќи во светот, Му рече на Својот Отец: „Еве, доаѓам да ја вршам Твојата волја.“
Душата ќе се предаде како жртва на Божествената Жртва, за во текот на денот да се жртвува кога и како што Тој ќе посака. Таа ќе учи како да остане мирна, понизна и предадена на жртвениот олтар, на кој со телото, духот и срцето ќе биде постојан принос.
Исто така, ќе има на ум дека жртвата треба, на некој начин, да дозволи да биде врзана и умртвена за себе, по што останува само да биде зафатена од огнот. Таа му дозволува на Исус, според Неговата желба, да ја земе, да ја обврзе со послушност, да ја принесе преку самоодрекување, за на крај да биде проникната од огнот на Божествената Љубов.
Тој оган ќе ја уништи рѓата на гревот и од жртвата ќе направи пријатен принос што ќе ја прослави Пресвета Троица, ќе го утеши Срцето Исусово и ќе измоли милосрдие за сиромашните грешници.
Срце Исусово! Дај и јас, од љубов кон Тебе, да станам Твоја жртва сепаленица.
Кармел-бси/к.мк

