Ватикан ја објави темата за Светскиот ден на молитва за грижа за созданието во 2026 година

Ватикан ја објави темата за Светскиот ден на молитва за грижа за созданието во 2026 година

Дикастеријата за промовирање на интегралниот човечки развој ја објави темата што папата Лав XIV ја избра за Светскиот ден на молитва за грижа за созданието во 2026 година, кој се одбележува на 1 септември: „Ќе ги прековаат своите мечеви во плугови, а своите копја во српови“ (Исаија 2,4).

Папата Лав XIV ја избра темата „Ќе ги прековаат своите мечеви во плугови, а своите копја во српови“ (Ис 2,4) за Светскиот ден на молитва за грижа за созданието во 2026 година, кој традиционално се одбележува на 1 септември.

Во соопштението со кое ја објави темата, Дикастеријата за промовирање на интегралниот човечки развој наведува дека Посланието на Светиот Отец за овој ден ја истакнува врската меѓу вооружените конфликти и деградацијата на животната средина.

Таквата деградација, се нагласува, претставува сериозно нарушување на нашата должност да се грижиме за созданието, но и долгорочна закана за животот на стотици милиони луѓе.

Во соопштението се додава дека „денес широко распространетата свест за влијанието на војната врз природните ресурси сè уште не довела до создавање соодветни институции, ниту до одговорни одлуки насочени кон спречување конфликти и мирно решавање на споровите“.

На крајот, Дикастеријата истакнува дека избраната тема, земена од пророкот Исаија, каде што се пророкува преобразување на оружјето во земјоделски алатки, е „јаснен повикда се даде предност на развојот и одржливоста пред насилството и уништувањето“.

Ватикан њуз/к.мк

Фото: Пекселс

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот