Папата: „Ако некој ме критикува затоа што го проповедам Евангелието, нека го прави тоа искрено“
На заминување од Кастел Гандолфо, папата Лав XIV потврди дека Црквата постојано се изјаснувала против нуклеарното оружје, додавајќи дека секој што сака да го критикува треба да го прави тоа врз основа на вистината.
Пред да се врати во Рим од Кастел Гандолфо во вторник вечер, 5 мај 2026 година, папата Лав XIV накратко разговараше со новинарите и одговори на најновите критики упатени кон него од американскиот претседател Доналд Трамп.
„Мисијата на Црквата е да го проповеда Евангелието, да проповеда мир“, рече тој. „Ако некој сака да ме критикува затоа што го проповедам Евангелието, нека го прави тоа искрено.“
Зборувајќи пред Вила Барберини, неговата резиденција во Кастел Гандолфо, папата Лав потсети дека Црквата со години јасно се изјаснува против нуклеарното оружје.
„Со години Црквата се изјаснува против какво било нуклеарно оружје, па затоа нема сомнение во тоа“, рече Папата, одговарајќи на тврдењето на претседателот Трамп дека Папата смета оти е прифатливо Иран да поседува нуклеарно оружје, со што, според него, би биле ставени во опасност сите католици.
„Едноставно се надевам дека ќе бидам слушнат поради вредноста на Божјото слово“, нагласи папата Лав XIV, повторувајќи дека зборувал јасно „од првиот момент“ на својот избор. „Реков: ‘Мир со вас’“, потсети тој.
Во врска со средбата со американскиот државен секретар Марко Рубио, закажана за четврток, 7 мај, Папата изрази надеж дека тоа ќе биде „добар дијалог“, воден „со доверба и отвореност“, за „добро да се разбереме меѓусебно“.
„Мислам дека прашањата поради кои доаѓа не се прашањата од денес. Ќе видиме“, додаде папата Лав, повторно осврнувајќи се на коментарите на американскиот претседател.
Ватикан њуз/к.мк

