Папата Лав XIV се сретна со членовите на Националната конфедерација на Милосрдните на Италија и ги охрабри мирјаните да ја живеат христијанската вера преку дела на милосрдие што одговараат на потребите на нашето време.
Корените на Националната конфедерација на Милосрдните на Италија се протегаат до 13 век, кога свети Петар од Верона поведе неколку мирјани католици да прифатат пат на служење и побожност, среде конфликтите во Црквата и во италијанското општество.
Папата Лав XIV се сретна со членовите на италијанската волонтерска организација на аудиенција во Ватикан во сабота. 14 февруари 2026 година.
Во својот говор, Папата се потсети на вековната историја на Милосрдието, која е втемелена во духовност, милосрдие и внимание кон современите потреби.
Духовноста е во основата на организацијата, рече тој, истакнувајќи дека побожноста и службата на нејзините членови се прошириле низ Италија во 13 век, пред да се вкоренат во Португалија, а потоа и во Америка.
„Семето од кое никнало и пораснало големото дрво, чиј дел сте и вие, има светотаинска природа. Втемелено е во Крштението, и затоа е морално и аскетско“, рече тој.
Папата ја повика конфедерацијата на братства да ја негува христијанската формација на своите членови преку молитва, катехеза и верност кон Светите Тајни, особено неделната Света Литургија и Исповедта.
Тој го пофали воведувањето на „Чуварите на Милосрдието“ во групата, кои се мирјани што ги поттикнуваат и ги формираат другите мирјани во нивниот пат на верата.
„Нивната служба“, рече тој, „се врши и се прима во атмосфера на заедничка одговорност, топло чувство на припадност и заедништво, во која сите се носители на заеднички напор за раст во христијанско совршенство.“
Папата Лав потоа ги повика членовите на Милосрдните да се ангажираат во несебични дела на милосрдие, како што правеле низ својата долга историја.
Милосрдните се присутни во ситуации на војна или природни катастрофи, рече тој, и го сведочат Евангелието на љубовта меѓу сите слоеви на општеството.
„Не се ограничувате само на ‘правење за’, туку посветувајте зс на ‘одење со’, препознавајќи во другите браќа и сестри, секој со своето достоинство и својата приказна“, рече тој.
Папата понатаму ја истакна постојаната приспособливост на конфедерацијата кон потребите на времето, секогаш работејќи со заедничка ревност за доброто на другите.
Низ вековите, потребите на луѓето се менувале, а Националната конфедерација на Милосрдните на Италија се менувала за да може да ги придружува тие потреби.
На крај, Папата Лав XIV ги охрабри христијанските мирјани да ја живеат својата вера силно преку практикување на милосрдие, и секогаш да бидат гласници на надеж, љубов и мир.
„Стремете се да растете во духот“, рече тој, „и да служите со радост и едноставност, избегнувајќи секоја логика на моќ, посветени на славењето на Бога и на доброто на оние што Господ ги поставува по вашиот пат.“
Ватикан њуз/к.мк

