Папата: Олимписките игри нека промовираат прифаќање, солидарност и мир

Папата: Олимписките игри нека промовираат прифаќање, солидарност и мир

Папата Лав испрати телеграма по повод пристигнувањето на атлетскиот крст во црквата Сан Бабила во Милано, каде што ќе се чува во текот на целото времетраење на Зимските олимписки игри.

Спорт што промовира братство и мир.Тоа е  визијата во центарот на телеграмата што папата Лав ја испрати во четврток вечерта, 29 јануари 2026 година до миланскиот надбискуп, Марио Делпини, потпишана од државниот секретар кардинал Паролин.

Пријателство и братство

Папата рече дека духовно им се придружува на сите што ќе присуствуваат во црквата Сан Бабила, на свеченоста што ќе ја предводи надбискупот, за време на која ќе биде официјално пречекан во градот атлетскиот крст за Олимписките и Параолимписките игри во Милано-Кортина, што ќе се одржат од 6 до 22 февруари -.

Папата Лав изрази надеж дека „овој важен настан ќе разбуди чувства на пријателство и братство, зајакнувајќи ја свеста за вредноста на спортот во служба на интегралниот развој на човечката личност“.

Градење мостови меѓу луѓето и културите

Во својата порака, Папата рече дека ќе се моли „здравата конкуренција“ на Олимписките игри да „помогне во градењето мостови меѓу културите и народите, промовирајќи прифаќање, солидарност и мир“.

Меѓу сослужителите на светата Литургија ќе бидат епископот Пол Тиге, секретар на Дикастеријата за култура и образование, и отец Микеле Џанола, потсекретар на Италијанската бискупска конференција (CEI) и привремен директор на Националната канцеларија за пасторална грижа за слободно време, туризам и спорт.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот