Апостолскиот нунциј оствари средба со Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан
Апостолскиот нунциј се сретна со Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, присуствуваше на традиционалниот годишен прием за претставниците на дипломатскиот кор. Во Охрид се сретна со Дебарско-кичевскиот митрополит г. Георгиј и ја посети Католичката црква
На 19 јануари 2026 година Апостолскиот нунциј Н.Е. надбискупот Лучано Суриани, придружуван од Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор Киро Стојанов, првиот секретар во нунцијатурата Кристоф Зајлер и бискупскиот канцелар протојереј ставрофор отец Марјан Ристов, оствари средба со Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во архиепископската резиденција, на која присуствуваше и Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.
За време на престојот во Македонија Апостолскиот нунциј Н.Е. надбискупот Лучано Суриани во вторник 20 јануари присуствуваше на традиционалниот годишен прием за претставниците на дипломатскиот кор, организиран од претседателката на Македонија Сиљановска-Давкова.
Својот престој во Македонија го заокружи со средба во Охрид со Дебарско-кичевскиот митрополит г. Георгиј, а потоа ја посети Католичката црква „Свети Бенедикт и Свети Кирил и Методиј“ во Охрид, каде што парохот отец Оливер Тантушев му ги претстави новите оргули.
к.мк

