Ви го пренесуваме размислувањето за Недела пред Богојавление според Евангелието од Марко 1,1-8 кое е објавено на социјалните мрежи на Радио Марија.
Од светото Евангелие според Марко (1,1-8)
Почеток од Евангелието на Исуса Христа, Син Божји, како што е напишано кај пророците: »Еве, Јас го испраќам пред лицето Твое Мојот ангел, кој што ќе го приготви Твојот пат пред Тебе.« Гласот на оној, што вика во пустината: пригответе го патот на Господа, израмнете ги патеките Негови.
Се јави Иван, крштавајќи во пустината, и проповедаше покајно крштавање за проштавање на гревовите. И излегуваа при него од целата Јудејска страна и од Ерусалим, и сите се крштаваа од него во реката Јордан, исповедувајќи ги своите гревови.
А Јован носеше облека од камилски влакна и појас од кожа околу половината своја, и јадеше скакулци и див мед. И проповедаше, велејќи: »По мене иде Посилниот од мене, на Кого не сум достоен да се наведнам и да Му ги одврзам ремењата од обувките Негови. Јас ве крстив со вода, а Он ќе ве крсти со Дух Свети.«

