Папата Лав XIV ги поздрави младите членови на Италијанската католичка акција и ги повика да се смират со некој близок пред Божиќ, нагласувајќи дека мирот се гради почнувајќи од нашите секојдневни односи.
Папата Лео ги охрабри младите луѓе кои припаѓаат на здружението „Италијанска католичка акција“ да се помират со некој близок пред Божиќ, истакнувајќи дека мирот е поскапоцен од кој било подарок купен од продавница.
„Сите го посакуваме овој мир за народите ранети од конфликти, но да се потсетиме дека хармонијата и почитта започнуваат во нашите секојдневни односи, во гестовите и зборовите што ги разменуваме дома, во парохијата, со соучениците, во спортот“, рече тој во петок 19 декември 2025 година, нас средба со групата и нивните водачи.
Папата подвлече дека раѓањето на Христос – „Кнез на мирот“, како што е наречен во Книгата на пророкот Исаија го открива вистинското значење на овој збор, „што не е само отсуство на војна, туку пријателство меѓу народите засновано на правда“.
Мирот е „дар кој навистина може да се пронајде само во срцето“, продолжи тој, додавајќи дека неговото промовирање е „католичка акција“ par excellence, бидејќи тоа е гестот што нè прави сведоци на Исус, Спасителот на светот“.
Молете се пред Божиќната пештера за да можете да ширите мир
Во својот говор, Папата нагласи дека, гледајќи ги различните фигури присутни во сцените на Христовото раѓање кои можеби веќе се поставени во домовите, училиштата и парохиите, младите можат да видат како „околу Господ, кој стана човек за да нè спаси, има место за сите!“
„Има место за сите“ е исто така темата на младинските групи на Католичката акција за 2025 година. Господ „отвора место за секоја личност, секое дете, тинејџер, млад човек и постар човек“, потенцира Папата.
„Кога Синот Божји доаѓа на светот, Тој не наоѓа место во куќа, туку чука на нашите срца исто како што го отвоара своето за да ги прими сите со љубов.“
Погледнете на Светите Карло Акутис и Пјер Џорџо Фрасати
Потоа папата Лав XIV ги повика младите од Католичката акција да побараат да бидат како ангелите кои ја објавуваат Божјата слава и мир на сите кога се молат пред Божиќната пештера.
„Овој мир е обврска на секој човек со добра волја, а особено на нас христијаните, кои сме повикани не само да бидеме добри, туку да бидеме подобри секој ден“, истакна Папата.
Тој ги повика младите да го следат примерот на Свети Пјер Џорџо Фрасати, кој беше член на Католичката акција, и Свети Карло Акутис.
„Постапувајќи како нив, вашето навестување на мирот ќе биде блескаво, бидејќи во друштво на Исус ќе бидете навистина слободни и среќни, подготвени да им помогнете на вашите ближни, особено на оние во неволја“, рече тој.
Ватикан њуз/к.мк

