Јубилејно ходочестие на свештениците

Јубилејно ходочестие на свештениците

Свештениците од Струмичко-скопската епархија и Скопска бискупија, предводени од епископот Киро Стојанов, во среда, 19 ноември 2025 година, во рамките на Јубилејната година, ходочестеа во Катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје. По пристигнувањето во катедралата, свештениците поминаа низ Светите врати, молејќи за милоста потполн опрост.

По влегувањето во катедралата епископот Стојанов во заедништво со свештениците упатија молитва, а во своето кратко обраќање ги поттикна свештениците да ја продлабочат својата доверба во Божјото милосрдие и со обновена пасторална ревност да служат на заедниците кои им се доверени.

Ходочестието заврши со архиерејски благослов.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот