Папата Лав XIV се сретна со претседателот на Габонската Република, Брис Клотер Олигуи Нгуема, во четврток, на 30 октомври 2025 година, во Ватикан, соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
Потоа претседателот Олигуи Нгуема имаше средба со државниот секретар, кардинал Пјетро Паролин, во придружба на монсињор Даниел Пачо, потсекретар за мултилатералниот сектор на Секцијата за односи со државите и меѓународните организации.
За време на „срдечните разговори“ беа истакнати „добрите односи“ меѓу Светиот Престол и Габон, се наведува во соопштението од Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
„Беа разгледани различни аспекти од политичката и социо-економската состојба во земјата, особено соработката со локалната Црква во областите на здравството, образованието и професионалната формирација на младите.“
Во текот на разговорот, исто така, беше „разменето мислење за прашања од регионален и меѓународен карактер, при што беше нагласена важноста на промовирањето на дијалогот и помирувањето меѓу народите“, се додава во соопштението.
Ватикан њуз/к.мк

 
	 
						 
						 
						 
						 
						