Папата ја повика Римската епархија да служи, прегрнувајќи ги сите

Папата ја повика Римската епархија да служи, прегрнувајќи ги сите

Папата Лав XIV, во петок поладне, 19 септември 2025 година, се обрати до свештениците и верниците на Римската епархија за време на собранието во базиликата „Свети иван Латерански“, охрабрувајќи ја Црквата да оди рамо до рамо со Божјиот народ преку „служење кое поддржува, сочувствително, дискретно, неосудувачко и отворено за сите“.

Синодалност и заедништво

Папата ја истакна важноста на синодалниот процес и ги повика верниците „да продолжат напред во заедништво, учество и послание.

Зборувајќи како епископ на Рим, тој им се заблагодари на свештениците, монасите и лаиците за нивната посветеност и рече дека собирот е „голема прегратка на епископот со својот народ“.

Црква што придружува

Размислувајќи за Евангелието за Самарјанката, Папата потсети дека Светиот Дух е „жива вода“ што ја гаси жедта на човештвото и го помага посланието на Црквата.

Тој ја подвлече потреба од обновени пасторални пристапи, особено за семејствата и младите: „Црквата не е повикана да ги замени, туку да оди со нив, нудејќи им помоши и насока.“

Повикување на надеж и послание

Папата зборуваше и за важноста на формацијата и интегрирањето на општествените теми – правдата, мирот, грижата за созданието и предизвиците на младите – во животот на парохиите.

Завршувајќи, тој ги охрабри сите да продолжат „во синодалност, учество и послание“, молејќи се: „Нека Богородица, Salus Populi Romani, го придружува и чува нашиот пат.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот