Папата до Пан-африканската католичка група: Надежта е од витално значење за нашиот земски патување

Папата до Пан-африканската католичка група: Надежта е од витално значење за нашиот земски патување

Обраќајќи се на Третиот конгрес на Пан-африканската католичка теологија и пасторална мрежа, папата Лав ги повика членовите да гледаат кон иднината на континентот со надеж.

По повод Третиот конгрес на Пан-африканската католичка теологија и пасторална мрежа (PACTPAN), папата Лав испрати видео-порака во која изрази благодарност за посветената работа на мрежата и упати молитви за сите што „се собраа да размислуваат за иднината на Црквата во Африка“.

Надежта е од витално значење за нашиот пат

Потсетувајќи на зборовите на папата Фрањо за важноста на верата, искажани за време на Вториот конгрес, папата Лав го насочи вниманието кон друга теолошка доблест во контекст на јубилејната година — надежта.

„Можеби понекогаш на доблестите на верата и милосрдието им се придава поголемо значење; сепак, надежта има витална улога во нашето земно ходочестие“, нагласи тој.

Папата објасни дека надежта ги поврзува другите две доблести — верата и љубовта. Таа е доблест која нè води до желбата за небесна среќа, што пак „нè вдахновува и нè одржува да се приближуваме кон Бога, дури и кога се соочуваме со тешкотии во животот“.

Не одвоено, туку како едно

Папата Лав истакна дека, како и во другите делови од светот, така и африканскиот континент се соочува со свои специфични предизвици. Наместо да биде обесхрабрена, Црквата има задача да биде светлина и светилник на надежта за светот.

Темата на Конгресот е: „Патувајќи заедно со надеж како црковно Божјо семејство во Африка“. Размислувајќи за повикот што секој од нас го има — да изгради личен однос со Бога — папата Лав истакна дека сите сме обединети како синови и ќерки.

Затоа, „имаме одредена одговорност да се грижиме еден за друг“. Во семејството треба да го најдеме првиот извор на поддршка, љубов и охрабрување за да продолжиме напред, особено во време на тешкотии.

Со ттие мисли, Папата ги охрабри членовите на PACTPAN да продолжат со градење на семејството на локалните цркви во различните нации, „за да има мрежи на поддршка достапни за сите наши браќа и сестри во Христа, како и за поширокото општество, особено за оние на маргините“.

Единство во теологијата и пасторалната работа

Во завршницата на својата видео-порака, папата Лав ги потсети членовите на PACTPAN колку е важно да бидат обединети во нивната теолошка и пасторална мисија. „Мора да живееме во она во што веруваме“, повика тој.

Папата им постави задача да спроведуваат „пасторалн и програми што покажуваат како учењата на Црквата помагаат да се отворат срцата и умовите на луѓето кон вистината и љубовта Божја“.

Пан-африканска католичка теологија и пасторална мрежа

Официјално основана во 2019 година, Пан-африканската католичка теологија и пасторална мрежа е организација отворена за сите водачи на африканската католичка Црква и на пасторалните служби. Таа „служи како постојана агенција за интердисциплинарни, мултидисциплинарни и трансдисциплинарни истражувања за африкански католички научници, пастирски водачи, црковни работници од првата линија и припадници на локалното население во градовите и селата низ Африка“.

Застапувањето е важен дел од мисијата на PACTPAN, со цел да ги охрабри членовите да бидат посветени на служењето на оние кои немаат свој глас.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот