Папата Лав XIV испрати порака до Колумбовите витези, изразувајќи благодарност за нивната служба за оние на кои таа им е најпотребна – служба што, според него, произлегува од нивниот основач, блажениот Мајкл Мекгивни.
Папата Лав XIV упати порака до Колумбовите витези по повод нивниот собир во Вашингтон, САД, на 143-та Врховна конвенција.
Во своето видео-обраќање, Папата ги поздравува сите присутни и го истакна значењето на собирот, кој се одржува во Јубилејната година на надежта. Цитирајќи го папата Фрањо, тој ја опиша надежта како „желба и очекување за добри работи што доаѓаат, и покрај тоа што не знаеме што може да донесе иднината“.
„Исус Христос е изворот на нашата надеж,“ продолжи Папата, потсетувајќи ги витезите дека секоја генерација христијани е повикана да го проповеда Евангелието – и со зборови и со дела. Тој ја нагласи важноста да се биде знак на надеж, особено за оние кои се соочуваат со тешкотии.
По стапките на нивниот основач
Папата Лав XIV го посочи примерот на блажениот Мајкл Мекгивни, основачот на Колумбовите витези, кој им одговорил на потребите на имигрантите католици и сиромашните преку практична помош и духовна поддршка. Оваа мисија на братска добротворност, истакна Папата, продолжува преку делувањето на локалните совети на Колумбовите витези низ целиот свет.
Годинешната тема – „Весници на надежта“ – послужува како потсетник на улогата што Витезите се повикани да ја имаат во своите парохии, заедници и семејства. Папата ја изрази својата благодарност за напорите на Редот во собирањето мажи за молитва, образование и служба, како и за нивната посветеност кон ранливите, меѓу кои се бремените жени, децата, сиромашните и оние погодени од војна.
Ватикан њуз/к.мк