Папата Лав во вторник 9 јуни 2025 година упати охрабрување до катехистите од Латинска Америка, кои се собрани во Асунсион, Парагвај, на денови за студии посветени на синодалниот пат.
Во пораката по повод 13. редовно собрание и 10. студиски денови на Друштвото на катехисти од Латинска Америка (Sociedad de Catequetas Latinoamericanos – SCALA), папата Лав XIV упати срдечен поздрав до организаторите и учесниците, изразувајќи надеж дека нивната главна цел ќе биде „размислување за Личноста на Исус од Назарет, кој е средиште и цел на катехезата.“
Понатаму, ги охрабри, „врз основа на тоа познавање на Исус“, да го обноват во себе „желбата да Го навестуваат, да евангелизираат и да ги придружуваат другите да кажат „да“ на верата во Него, сведочејќи за Неговата присутна љубов.
SCALA е основана во 1995 година, ги обединува научници и истражувачи од различни делови на Латинска Америка, фокусирани на катехезата и на придонесот преку неа за евангелизациското послание на Црквата на тој континент.
Овогодинешното Собрание и Студиските денови се одржуваат од 7 до 11 јули и присуствуваат учесници од Бразил, Еквадор, Перу, Боливија, Чиле, Хондурас, Уругвај, Венецуела, Костарика, Аргентина и Мексико.
За време на нивниот престој во Асунсион, научниците се посветени на продлабочено размислување за синодалниот пат инициран од папата Фрањо, со надеж дека ќе понудат теолошка ориентација и водство за катехистите.
Ватикан њуз/к.мк