Папа Лав XIV: Нека замолчи оружјето, нека владее мирот преку дијалог

Папа Лав XIV: Нека замолчи оружјето, нека владее мирот преку дијалог

На крајот од молитвата Ангел Господов, во недела 29 јуни 2025 година, Папата изрази духовна близина и ги вети своите молитви за жртвите од трагичната експлозија што се случи во средното училиште „Бартелеми Боганда“ во Банги, главниот град на Централноафриканската Република, каде загинаа 29 лица, а повеќе од 260 се повредени.

По повод празникот на светите апостоли Петар и Павле, Папата упати посебен поздрав до свештениците од Римската бискупија, охрабрувајќи ги во нивната пасторална служба. Истовремено, ги поздрави и украинските поклоници, потврдувајќи ја својата молитвена поддршка: „Секогаш се молам за вашиот народ“, рече тој.

Молитва за жртвите во Централноафриканската Република

На 29 јуни, по завршувањето на молитвата Ангел Господов, папата Лав XIV со длабока жалост се осврна на трагичниот настан што се случи на 26 јуни во средното училиште „Бартелеми Боганда“, при што животот го загубија 29 млади луѓе, а над 260 беа повредени. Светиот Отец изрази духовна близинат со погодената заедница и ги повика сите верници да продолжат да се молат за мир во светот:

„Сестри и браќа, продолжете да се молите да замолчи оружјето на сите места и да се залагаме за мир преку дијалог.“

Поздрав до римските свештеници

Во духот на литургиската прослава на светите Петар и Павле, Папата упати поздрав до верниците собрани на плоштадот Свети Петар, како и до свештениците кои служат во парохиите во Рим, изразувајќи благодарност и поддршка за нивната верна служба.

Да ги познаваме и почитуваме светите заштитници на Рим

Римскиот бискуп упати благослов и до учесниците на настанот „Кво Вадис?“, благодарејќи им за нивната желба подлабоко да ги запознаат и чествуваат светите апостоли Петар и Павле, преку посета на значајните места поврзани со нивното мачеништво и сведоштво во Рим.

Молитвена близина со украинскиот народ

Во рамките на утринската Литургија, беше извршено полагање на палиумите врз новите митрополитски надбискупи. На таа свеченост присуствуваа поклоници од различни делови на светот: Мексико, Полска, САД, Венецуела и Бразил. Посебно внимание папата посвети на украинските верници, повторувајќи дека непрекинато се моли за нив и за мир во нивната татковина.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот