На 21 мај 2025 година, „Ватикан њуз“ објави официјално предупредување повикувајќи ги католиците да го проверат секој онлајн материјал што му се препишува на папата Лав XIV. Бројот на лажни текстови, па дури и видеа му се припишуваат на Папата, нивниот број расте на социјалните мрежи: како да се потврди автентичноста на информациите?
Еден од „најгласните“ случаи е 36-минутното видео во кое папата Лав XIV му се обраќа на Ибрахим Траоре, вршителот на должноста претседател на Буркина Фасо. „Сине на африканската почва, бранителу на твојот народ, нека ти се умножат благодатта и мирот преку мудроста, храброста и вистината“, вели конкретно ова „обраќање“ на Папата на англиски јазик, вешто генериран со помош на вештачка интелигенција. Авторите ја користеле техниката на морфинг, поставувајќи го текстот на видео-снимката од аудиенцијата на папата Лав XIV со новинарите, што се одржа на 12 мај. Видео пораката изгледа многу убедлива, наведувајќи ги гледачите да помислат дека Светиот Отец одржал цел јавен говор до Ибрахим Траоре како одговор на неговото писмо.
Како да се утврди дали таквите информации се веродостојни?
Прво, потребно е да се обрне внимание на тоа дали е наведен изворот. Доколку како извор се наведува друг медиум, кој пак не се повикал на оригиналниот извор, тогаш информацијата мора да се потврди со медиумите на Светиот Престол. Сите говори, пораки и текстови на Лав XIV се објавени во целост на официјалната веб-страница на Ватикан. Што се однесува до другите вести за неговите активности, како и неговите видео пораки, тие можат да се најдат на официјалниот мултимедијален портал на Светиот престол Vatican News – Radio Vaticana и на веб-страницата на ватиканскиот весник „Osservatore Romano“.
Ватикан њуз/к.мк