Папата имаше два напада на акутна респираторна инсуфициенција

Папата имаше два напада на акутна респираторна инсуфициенција

Тие настанале поради акумулација на слуз кој бил аспириран и двата пати. Продолжена е неинвазивна механичка вентилација. Папата Фрањо е буден

„Денес Светиот Отец имаше два напада на акутна респираторна инсуфициенција, предизвикана од значително акумулирање на ендобронхијална слуз и последователен бронхоспазам.

Затоа, беа направени две бронхоскопии, кои бараа аспирација на обилни секрети. Неинвазивната механичка вентилација беше обновена во попладневните часови.

Светиот Отец е буден, ориентиран и соработува. Прогнозата останува неизвесна“.

Канцеларијата за печат на Светиот Престол вечерва, понеделник, 3 март 2025 година, извести за здравствената состојба на Папата, кој од 14 февруари е хоспитализиран во поликлиниката „Гемели“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот