Папата се сретна со словачкиот премиер Фицо

Папата се сретна со словачкиот премиер Фицо

Во петок, на 14 февруари 2025 година, папата Фрањо во Ватикан го прими премиерот на Република Словачка Роберт Фицо.

По разговорот со Папата, словачкиот политичар се сретна со државниот секретар на Светиот Престол, кардиналот Пјетро Паролин и со потсекретарот за односи со државите, монсињор Мирослав Вачовски. Според соопштението на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, средбата во Државниот секретаријат поминала во пријателска атмосфера. Страните ги потврдија добрите билатерални односи и ја изразија својата желба за социјална кохезија, посветувајќи посебно внимание на прашањата од антропологијата, семејството и образованието.

Покрај тоа, се разговараше за меѓународните случувања, особено за нестабилната ситуација во Украина и перспективите за мир, кревкиот прекин на огнот меѓу Израел и Палестина, како и тешката хуманитарна криза во Газа.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот