Во својата катехеза, во сабота 1 февруари 2025 година, на втората јубилејна аудиенција во 2025 година, Папата се осврна на „промената на правецот“, кој произлегува од средбата со Христос. Насочувајќи го нашиот поглед кон Него, влегуваме во „Божјите соништа“ и во надежта. Папата го даде примерот на Марија Магдалена, „апостол над апостолите“
Папата Фрањо ја започна денешната јубилејна катехеза потсетувајќи дека „јубилејот е нов почеток за луѓето и за Земјата; време во кое сè ќе се преиспита според Божјата визија“. Потсети дека зборот „преобраќање“ означува промена на правецот. „На крајот, сè се гледа од поинаква перспектива и така нашите чекори се движат кон нови цели. И така се раѓа надежта. Библијата зборува за тоа на многу начини“, истакна Папата.
И кај нас, искуството на верата е поттикнато од средбата со луѓе кои успеале да го променат својот живот и, така да се каже, да влезат во Божјата визија. Всушност, дури и да има толку многу зло во светот, можеме да разликуваме кој е различен: нé освојува нивната големина, која често се совпаѓа со нивната маленкост.
Како што рече, „во Евангелијата, ликот на Марија Магдалена се појавува над сите други. Исус ја исцели со милост и таа се промени: милоста ја врати во Божјите соништа и ѝ даде нови цели за нејзиниот животен пат. Евангелието по Иван ја опишува нејзината средба со „Воскреснатиот, средба која нè поттикнува на размислување“.
Неколку пати се повторува дека ‘Марија се сврте’. Евангелистот избира добри зборови! Марија, во солзи, прво гледа во гробот, а потоа се врти: Воскреснатиот не е на страната на смртта, туку на страната на животот. Тој може да се помеша со некои од луѓето што ги среќаваме секој ден. Потоа, кога го слуша како го изговара нејзиното име, Евангелието повторно вели дека Марија се свртела. Така нејзината надеж расте: сега го гледа гробот, но не како порано. Таа може да си ги избрише солзите, затоа што го слушнала нејзиното име: само нејзиниот Господ така го изговара. Изгледа дека стариот свет сè уште постои, но всушност, повеќе не постои.
Светиот Отец истакна дека можеме од Марија Магдалена, која традицијата ја нарекува „апостол на апостолите“. да учиме за надежта.
Во новиот свет се влегува со повеќекратно преобраќање. Нашиот пат е постојан повик за промена на перспективата. Воскреснатиот нè води во својот свет, чекор по чекор, само под услов да не се преправаме дека веќе знаеме сè. Да се запрашаме денес: Дали знам да се свртам и да гледам поинаку на работите? Дали имам желба за преобраќање?
„Претерано самоуверено и гордо его нè спречува да го препознаеме воскреснатиот Исус: тој и денес изгледа како обичните луѓе кои не ги гледаме. Дури и кога плачеме и очајуваме, го оставаме зад нас“, истакна папата Фрањо.
Наместо да гледаме во темнината на минатото и во празнината на гробот, од Марија Магдалена учиме да се свртиме кон животот. Таму нè чека нашиот Учител. Таму се изговара нашето име, бидејќи во реалниот живот има место за тебе, за мене, за сите. Никој не може да ни го одземе, бидејќи отсекогаш е наменето за нас. Секој може да каже: Јас имам свое место – и не само тоа – јас имам послание!
„Размислете, кое е моето место? Какво послание Господ ми наменува? Тие мисли нека ви помогнат да заземете храбар став во животот“ – рече Папата на крајот од катехезата.
Ватикан њуз/к.мк