Папата Фрањо: Нека се преобратат срцата на оние кои произведуваат оружје

Папата Фрањо: Нека се преобратат срцата на оние кои произведуваат оружје

По катехезата на крајот од Генералната аудиенција на 15 јануари 2025 година, папата Фрањо уште еднаш апелираше против војната, која „секогаш е пораз“. Тој потоа поттикна на молитва за преобраќање на оние кои произведуваат оружје и за жртвите од лизгањето на земјиштето во Хпакант во Мјанмар: „Нека не изостане поддршката и солидарноста на меѓународната заедница“.

На веќе постојаното охрабрување на верниците да продолжат да молат за мир и предупредувањето, кое исто така стана дел од секој апел, дека војната е секогаш пораз, Папата им се обрати на верниците собрани во салата Павле VI. на Генерална аудиенција во среда и додаде уште еден поттик. Тој поттикна, имено, за „господарите“ на пазарот за оружје, кој е во процвет. Ве молам, да молиме за преобраќање на срцата на производителите на оружје, бидејќи со нивните производи помагаат да се убива.

Прометот за оружје во овие години на избувнување на нови војни тројно се зголемил и достигнал дури 2500 милијарди долари. Речиси илјада милијарди (959) се искористени за две години од глобалните финансиски институции за поддршка на производството и трговијата со оружје, како што беше наведено пред една година во извештајот на Глобалната алијанса за банкарство на вредности (Gabv).

„Војната е секогаш пораз“

Ова е апел-предупредување на папата Фрањо, кој овие години секогаш покажува со прст во производството на оружје. Гладот ќе исчезне во светот ако не се произведуваше оружје една година – често повторува Папата, наведувајќи ги разговорите што ги имал со експерти на оваа тема. И многу, многу пати, особено во изминатата година, од пораката до конференцијата COP29 во Дубаи до Булата „Spes non confundit“ со која го прогласи јубилејот, Папата предложи, користејќи фиксен процент од парите вложени во воени трошоци, да се создаде Глобален фонд за конечна елиминација на гладот и промовирање на одржлив развој на целата планета. Ова е желбата за која римскиот бискуп се надева дека ќе се оствари во оваа Света година, заедно со примирје на сите воени фронтови. Својата надеж за мир тој ја повтори и на оваа Генерална аудиенција, при што  уште еднаш ги наброја териториите погодени од насилство.

Да не заборавиме на страдањата во Украина, Мјанмар, Палестина, Израел и бројните земји кои се во војна; да молиме за мир. Војната е секогаш пораз.

Мисли за жртвите од лизгање на земјиштето во Мјанмар

Папата упати апел за трагедијата што го погоди Мјанмар, која се надоврзува на и онака тешката ситуација поради насилството и напнатоста. Ноќта на 12 јануари, лизгање на земјиштето погоди и однесе неколку куќи во областа Хпакант, државата Качин. Поконкретно, базен со кал на местото за ископ на жад се урна, предизвикувајќи лизгање на земјиштето. Затрупани се десетици куќи, а многу жители, според првичните информации, се водат за исчезнати. Близок сум со населението погодено од таа катастрофа и се молам за оние кои ги загубија животите и за нивните семејства – рече папата Фрањо.

За оние наши браќа и сестри кои се во искушенија нека не недостасува поддршката и солидарноста од меѓународната заедница.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот