Папата до малите болни деца од Полска: Молете се за децата кои не можат да се лекуваат

Папата до малите болни деца од Полска: Молете се за децата кои не можат да се лекуваат

Примајќи ги во аудиенција во петок, 10 јануари 2025 година, малите пациенти на Клиниката за детска онкологија и хематологија во Вроцлав, папата Фрањо ги охрабри да му помогнат да ѝ служи на Црквата нудејќи ги нивните страдања за наканите на Папата. Тој поттикна на молитва за болните и повредените деца кои се наоѓаат на места каде што нема лекови, ниту болници: „Да мислиме на нив, да бидеме блиску до нив!“

Знаци на надежта – така ги нарече папата Фрањо децата пациенти на Клиниката за детска онкологија и хематологија во Вроцлав, Полска, кои ги прими на, 10 јануари 2025 година, во аудиенција во Апостолската палата во Ватикан. Поводот за средбата беше нивното ходочестие во Рим по повод Јубилејот. Децата ги придружуваше почесниот конзул на Луксембург во Полска, директорот на клиниката, лекарите, медицинските сестри, еден свештеник и сите родители, „ходочесници на надежта заедно со нивните деца“ – како што рече Папата, кој во неговиот говор ги поттикна децата да се молат за своите врсници кои се во воени околности, болни или ранети, кои немаат можност за лекување поради недостаток на лекови, лекари и болници.

Вие сте храбри!

Светиот Отец рече дека е среќен што најмалите можеа да дојдат во Рим за Јубилејната година, „годината во која Бог сака да ни даде посебни благодати“.

Ви благодариме што дојдовте, вие сте храбри! Така, вие сте сведоци на надежта за нас возрасните и за вашите врсници.

Исус е присутен во вас

Додека доаѓав да се сретнам со вас, почувствував радост во срцето затоа што имаме можност да си дадеме надеж и љубов еден на друг, еден на друг“, рече папата Фрањо. Сигурен сум дека Исус е присутен во тебе… и таму каде што е, има надеж што не разочарува!

Исус врз себе ги зеде нашите страдања од љубов, па и ние преку неговата љубов можеме да се соединиме со него кога страдаме.

Пријатели

Ова е доказ за пријателство – рече папата Фрањо – кога сме вистински пријатели, радоста на другиот е и моја радост, а тагата на другиот е моја тага. Затоа, малите болни луѓе можат да ги споделуваат радости и страдања со Исус. Сепак, постои уште еден доказ за пријателството на Исус кон децата, а тоа е љубовта и постојаното присуство на вашите родители – рече тој и додаде дека љубезната и нежна насмевка на лекарите, медицинските сестри, физиотерапевтите кои се грижат за нив и работат на подобрување на нивното здравје, за нивните соништа и надежи да не бидат изгубени.

И јас ве нарекувам пријатели: вие сте пријатели! И би сакал да ве замолам да ми помогнете да ѝ служам на Црквата. Како? Нудејќи ги понекогаш вашите молитви и вашите страдања за наканите на Папата. Ви благодарам за тоа!

Молитва за болните деца

Затоа, Папата ги охрабрува пациентите на клиниката во Вроцлав да се молат со него за гореспоменатите деца – кои за жал ги има многу! – кои немаат можности за лекување: тие се болни или повредени, а нема лекови, нема болница, нема лекари или медицински сестри. Да мислиме на нив, да бидеме блиску до нив – поттикна на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот