Кардинал Пицабала: Осветувањето на црквата „Крштение Господово е знак на единство

Кардинал Пицабала: Осветувањето на црквата „Крштение Господово е знак на единство

Во пресрет на прославата во Јордан во присуство на државниот секретар кардиналот Паролин, латинскиот патријарх на Ерусалим изрази надеж дека посветувањето, во Јубилејната година и во ваков драматичен момент, ќе биде знак за континуитет на животот и растот на Црквата на целиот Блиски Исток.

„Тоа е долгоочекуван момент. После многу години, конечно можеме да ја осветиме црквата на Крштение Господово во Јордан, на местото Ал-Магтас“. Во изјава за ватиканските медиуми, ерусалимскиот латински патријарх кардиналот Пјербатиста Пицабала изрази надеж поврзана со посветувањето на новата црква посветена на Крштевањето на Исус, што ќе се одржи на 10 јануари, во присуство на државниот секретар кардиналот Пиетро Паролин.

Зборовите на кардиналот Пицабала

Сето ова се случува – објасни кардиналот Пизабала – во една важна година, годината на црковниот Јубилеј и дваесет и петтата година од ходочестието на тоа свето место. Воедно ја спомена и посетата на свети Иван Павле II на Ал-Магтас, местото на крштевањето на Исус. По тој повод, папата Војтила зборуваше за „место толку проткаено со историја“, во близина на остатоците од најстариот град на светот, опишан во Светото Pисмо како место кое носи траги не само на човекот, туку и на самиот Бог. Дваесет и пет години подоцна, поттикот на папата Фрањо на охрабрување на јорданските христијани да го следат Христос се повеќе и повеќе станува уште поважен поради тековниот конфликт на Блискиот Исток. Затоа, осветувањето на новата црква – додаде кардиналот Пицабала – е знак на единство и желба за континуитет на животот и растот на Црквата во Јордан и на целиот Блиски Исток.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот