Папата до ходочесниците во Santiago de Compostela: На патот бидете внимателни кон луѓето кои имаат потреба
На 19 декември 2024 година, папата Фрањо прими во аудиенција ходочесници од Италија кои тргнуваат на „Camino“ до шпанското светилиште „Santiago de Сопмпостела“. „Бројот на ходочесниците е зголемен во последните години. Но, луѓето што одат на Camino de Santiago, дали одат на вистинско ходочестие или на нешто друго?, праша Папата. На аудиенцијата беа и членовите на монашкото семејство на дон Гванела, кои се грижат за прифаќањето на ходочесниците.
Светиот Отец ги прими ходочесниците од Италија кои се подготвуваат да го поминат „Camino de Santiago“. Тој го поздрави надбискупот на Сантијаго, монс. Франциско Прието Фернандез, како и врховниот поглавар на оците Ганелијанци и членовите на тоа монашко семејство – свештеници, монаси и монахињи, семинаристи и мирјани. Како што рече, „петнаесет години во Галициската црква, и во Сантијаго и во Финистер, нудат духовно добредојде на ходочесници. А вие, ходочесници, сте жив доказ за нивната апостолска посветеност“.
Како интересен податок, Папата спомна дека бројот на ходочесниците во Сантијаго е зголемен во последните триесет години: „Меѓу нив беа и моите претходници свети Иван Павле II и Бенедикт XVI, кои сакаа да го посетат тоа светилиште, пред сè поради неговата голема важноста во христијанската историја на Европа. Тој раст на бројката е многу позитивен факт, но се поставува сериозно прашањето: Дали луѓето што одат на „Camino de Santiago“ навистина ходочастат или се работи за нешто друго? – праша Светиот Отец.
Додаде дека очигледно има различни искуства, но прашањето поттикнува на размислување. „Христијанското ходочестие до гробовите на апостолите може да се препознае по три знаци. Првиот е тишината. Патувањето проживеано во тишина ви овозможува да го слушате своето срце, а со тоа да ги најдете одговорите што ги бара вашето срце за време на вашето ходочестие дури и преку уморот. Вториот знак е Евангелието: секогаш имајте го во џебот. Да се оди на ходочестие со препрочитување на патот по кој Исус поминал, се до крајното дарување на самиот себе. Ходочестието е повистинито и похристијанско ако води до излегување од самите себе и слободно дарување во служба на другите. А Светиот Дух го прави тоа кога го читаме Евангелието секој ден“, истакна Светиот Отец.
Третиот елемент на ходочестието, Папата го нарече протоколот од Матеј 25: „Доколку не сте го направиле тоа на еден од овие најмали браќа и Мене не сте Ми го направиле. “ Додека одите, бидете внимателни кон другите, особено оние кои страдаат повеќе, кои паднале или се во потреба… Свети Алојзиј Гванела рекол дека целта на животот на оние кои веруваат е да се погрижат никој да не остане зад нив“, истакна Папата Фрањо.
На крајот, ги охрабри пријателите на „Camino de Santiago“ во нивниот апостолат на евангелизација и грижа. „Древните ходочесници нè учат да се враќаме од христијанското ходочестие како апостоли! Нека ви биде пример во ова време на искечување Светото семејство од Назарет, ходочесници во земјата Палестина“, заврши Светиот Отец.
Ватикан њуз/к.мк