Во Штип се одржа Божиќен концерт и промоција на монографијата за 25 годишнтото епископство на монсињор Стојанов
![Во Штип се одржа Божиќен концерт и промоција на монографијата за 25 годишнтото епископство на монсињор Стојанов](https://katolici.mk/wp-content/uploads/2024/12/14450-1-800x500_c.jpeg)
Во Католичката црква „Свето Благовештние“ во Штип во вторник 17 декември 2024 година се одржа промоција на монографијата „25 години епископство на монсињор Киро Стојанов“ и традиционалниот Божиќен концерт на кој настапи Градскиот хор „Штип 2019“, а во органиаација на католичката парохија во Штип и Здружение Заедница на Хрвати Либертас. На настанот присуствуваше Н.В.П. монсињор д-р Киро Стојанов, свештеници од Скопска бискупија и Струмичко-скопска епархија, чесни сестри Евхаристинки, престатвници редот Свети Лазар Ерусалимски, верници и гости од Штип.
На почтокот од настанот парохот отец Тони Ангелов ги поздрави присутните, а потоа Градскиот хор „Штип 2019“ изведе хрватски и македонски божиќни песни. Промоторите протојереј ставрофор отец др- Зоран И. Стојанов и протојереј отец Гоце Костов ја преставија монографијата изнесувајќи важни детали од монографијата, како содржински, така и некои лични искуства кои не се запишани во монографијта, но се составен дел од животниот пат на епископот Стојанов.
На крајот епископот Стојанов упати благодарност до организаторите, промоторите и хорот. Посакувајќи им честит Божиќ и Нова година епископот ги благослови присутните.
к.мк