Папата Фрањо на генералната аудиенција во среда 23 октомври 2024 година ја посвети на улогата на Светиот Дух, особено во Светата Тајна венчание. Како што рече, „Свети Августин нè потсетува на библиската вистина дека Бог е љубов, а љубовта го претпоставува оној што љуби, оној што е сакан и самата љубов што ги спојува“.
„Во Пресветата Троица, Отецот е оној кој љуби, извор и почеток на сè; Синот е оној кој е сакан, а Светиот Дух е љубовта која ги соединува. Затоа, христијанскиот Бог е „еден“ Бог, но тој не е осамен, неговото единство е единството на заедништво и љубов. Светиот Дух, со други зборови е божественото „НИЕ“, Отецот и Синот, врска на заедништво меѓи различните луѓе, кој самиот начало на единството на Црквата, која е токму „едно Тело“ составено од повеќе лица“, истакна папата Фрањо.
Зборувајќи потоа за тоа што Светиот Дух има да каже за семејството, Светиот Отец истакна: „Христијанскиот брак е Света Тајна на мажот и жената кои се даруваат еден на друг. Така го замислил Создателот кога го создал човекот според неговиот образ, односно кога ги создал мажот и жената. Брачната двојка е, според тоа, првото и најфундаменталното остварување на заедништвото на љубовта, која е Пресветата Троица. Сопружниците исто така треба да го обликуваат првото лице во множина „ние“. Стојат еден кон друг како „јас“ и „ти“ свртени кон остатокот од светот, вклучувајќи ги децата како едно „ние“. Колку е убаво да се слушне како мајка им вели на своите деца: „Твојот татко и јас…“ како да се единствен субјект. Колку многу деца имаат потреба од тоа родителско единство и колкумина само страдаат кога тоа не е успешно“, потсети Папата.
Условот за да може да се одговори на овој повик за единство во бракот е поддршката на Оној Кој е Дар, т.е. дарување на себеси par excellence: „Некои отци на Латинската црква потврдуваат дека взаемниот дар на Отецот и Синот во Троицата, Светиот Дух е првата причина за радоста што владее меѓу нив“, забележа Светиот Отец и продолжи:
„Никој не вели дека таквото единство е лесно да се постигне, особено во денешниот свет; но ова е вистината за работите онака како што ги замислил Создателот, и таква е нивната природа. Се разбира, можеби изгледа полесно и побрзо да се изгради на песок отколку на карпа, но параболата за Исус ни кажува каков е резултатот, за жал, последиците од браковите изградени на песок се видливи за сите, а цената ја плаќаат децата поради разделбата или недостатокот на родителска љубов.“
На крајот, Папата предложи, покрај неопходната правна, психолошка и морална поука, при подготовката на свршениците за брак, во иднинда да се продлабочи оваа „духовна“ подготовка и да се зајакне свеста дека Светиот Дух е тој што создава единство.
Ватикан њуз/к.мк