Папата: Смртната казна е недозволива, треба да се укине во целиот свет

Папата: Смртната казна е недозволива, треба да се укине во целиот свет

Во објавата на платформата X на профилот @Pontifex, папата Фрањо уште еднаш апелираше во поглед насмртната казна, повикувајќи да се внимава на неповредливоста и достоинството на личноста

Пораст на казните во 2023 година

Од првите години на својот понтификат, папата Фрањо ја осуди оваа пракса, која сè уште е широко распространета во различни земји во светот. Според последните податоци на организациите кои се борат против смртната казна, предводени од Амнести интернешенел, бројот на погубените регистрирани лица во 2023 година е најголем во речиси последните десет години. И покрај овој пораст, бројот на земји кои извршиле смртна казна достигна историски минимум: само 16. Поточно, по Иран, земјите каде што е забележан најголем број погубувања се Саудиска Арабија, Ирак и Пакистан.

Измена на катехизмот

Во 2018 година, папата фрањо одобри промена на текстот на Катехизмот на Католичката црква во врска со смртната казна. Во светлина на Евангелието, Црквата учи – се вели во еден дел од документот – дека смртната казна е недозволива бидејќи се работи за неповредливоста и достоинството на човекот и решително се залага за нејзино укинување во целиот свет.

Предговор на книгата на Дејл Ресинеле

Во август, Папата упати апел против смртната казна, која ја нарече отров за општеството. Тој го направи тоа во предговорот на книгата објавена од ватиканската издавачка куќа, со наслов „Христијанин осуден на смртна казна. Мојот став со осудените“ од Дели Рацинеле, поранешен финансиски адвокат на Волстрит, кој заедно со неговата сопруга Сузан им помага на затворениците во Флорида. Смртната казна во никој случај не е решение за насилството што може да им се случи на невини луѓе. Со извршувањето на смртната казна, правдата е далеку од задоволена; напротив, се разгорува чувството на одмазда, кое се претвора во опасен отров за телото на нашите граѓански општества – истакнува Папата во текстот и предупредува – државите треба да се погрижат да им дадат можност на затворениците вистински да го променат својот живот, наместо да се вложуваат пари и ресурси за нивно убивање, како да се луѓе кои повеќе не вредат да живеат и треба да се отстранат.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот