Ангел Господов: Вистинската среќа е во љубовта, сопружници, бидете отворени за живот

Ангел Господов: Вистинската среќа е во љубовта, сопружници, бидете отворени за живот

Осврнувајќи се на дел од Евангелието за неделната литургија во пладневното обраќање пред молитвата Ангел Господов, во недела 6 октомври 2024 година, папата Фрањо зборуваше за брачната љубов и бракот, нов живот кој бара верност, почит, искреност, подготвеност за разговор, простување и помирување. По молитвата, Светиот Отец ја изрази својата близина со населението на Босна и Херцеговина и ја спомена годишнината од терористичкиот напад врз населението во Израел. Го најави и конзисториумот за именување на нови кардинали, кој ќе се одржи на 8 декември

Ја изразувам мојата близина со населението на Босна и Херцеговина погодено од поплавите. Господ нека ги прими покојните во неговите прегратки, нека ги утеши нивните семејства и нека биде поддршка и помош на овие заедници , рече папата Фрањо во своето обраќање до верниците по молитвата Ангел Господов, која ја молеше со верниците присутни на плоштадот Свети Петар во Ватикан.

Во своето обраќање Папата истакна и дека во понеделник 7 октомври се одбележува годишнината од терористичкиот напад врз населението во Израел, на на кое уште еднаш ја искажа својата близина.

Да не заборавиме дека во Газа има уште многу заложници, за кои барам итно ослободување. Од тој ден, Блискиот Исток е втурнат во уште поголеми страдања, со разорни воени дејствија кои продолжуваат да го погодуваат палестинскиот народ. Населението многу страда во Газа и други области. Тоа се главно невини цивили, сите тие луѓе мора да ја добијат сета потребна хуманитарна помош. Барам итен прекин на огнот на сите фронтови, вклучувајќи го и Либан. Да молиме за Либанците, особено за жителите на југот кои се принудени да ги напуштат своите села.

Папата најави дека на 8 декември годинава ќе го одржи десеттиот конзисториум во неговиот понтификат при што ќе именува 21 нов кардинал, меѓу кои ќе биде и белградскиот надбискуп и митрополит Ладислав Немет, кој со тоа ќе стане првиот кардинал во историјата на Католичката црква во Србија.

Осврнувајќи се на Евангелието за неделната литургија, Папата истакна дека тоа зборува за брачна љубов. Како и во други прилики, додаде Папата, некои фарисеи му поставуваат на Исус провокативно прашање за контроверзната тема: отпуштање на жената од страна на нејзиниот маж. Тие би сакале да го вклучат во дискусија, но тој не прифаќа, наместо тоа ја искористи можноста да го привлече нивното вниманието на едно поважно прашање: вредноста на љубовта меѓу мажот и жената.

Во Исусово време, положбата на жената во бракот била многу незавидна во споредба со положбата на мажот: мажот можел да ја изгони и да ја отпушти својата жена, дури и од тривијални причини, а тоа се оправдувало со легалистички толкувања на Светото Писмо. Затоа Господ своите соговорници ги навраќа на барањата на љубовта. Ги потсетува дека Создателот ги замислил мажот и жената како еднакви по достоинство и комплементарни во различноста, за да можат еден на друг да си помагаат, да си бидат друштво, но истовремено и поттик и предизвик за раст.

За да се случи тоа, рече Светиот Отец, Исус ја нагласи потребата нивното меѓусебно дарување да биде целосно, сеопфатно, безусловно – тоа е љубов – тоа да биде почеток на нов живот, предодреден да трае вечно, а не „до кога јас сакам“, прифаќајќи се меѓусебно и живеејќи соединети како „едно тело“.

Ова, додаде Папата, не е едноставно, бара верност, и во тешкотиите, бара почит, искреност, едноставност. Од човек се бара да биде достапен за соочување, понекогаш и за расправија, доколку е потребно, но секогаш подготвен за прошка и помирување, рече меѓу другото. Папата ги охрабри сопружниците да бидат отворени за животот и да го прифатат дарот на деца, бидејќи, како што рече, тие се најубавиот плод на љубовта, најголемиот Божји благослов, извор на радост и надеж за секој дом, но и за општеството како целина.

Љубовта бара, но е убава и колку повеќе и се препуштаме, толку повеќе ја откриваме вистинската радост во неа, нагласи Папата. Тој ги поттикна верниците да се запрашаат каква е нивната љубов. Дали е верна, дали е великодушна, дали е креативна? Какви се нашите семејства: дали се отворени за живот, за децата, праша Папата и се помоли за близина на Пресвета Богородица за да може да им биде од помош на христијанските сопружници.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот