Папата: Велигден му припаѓа на Христос, а не на нашите календари

Папата: Велигден му припаѓа на Христос, а не на нашите календари

Додека христијаните се подготвуваат за прославата на Велигден во 2025 година, кој и католиците и православните ќе го слават во ист ден, папата Фрањо потсетува дека најважната христијанска прослава му припаѓа на Христос, а не на нашите земни календари или планови. Заедничката прослава повеќе да не биде исклучок, туку нека стане нормалност, е поттикот на папата Фрањо упатен до групата Pasqua Together 2025, која ја прими во аудиенција.

Следната 2025 година ќе биде посебна, бидејќи според два различни календари, Грегоријанскиот и Јулијанскиот, кои ги користат католиците – кои меѓу останатото ќе ја слават и Светата година – и православните, Велигден ќе се слави во ист ден, со тоа празнувањето ќе биде заедничко за сите христијани. Покрај тоа, ќе бидат одбележани 1700 години од првиот Вселенски собор во Никеја, кој покрај прогласувањето на символот на верата, се занимавал и со темата за датумот на Велигден, поради различните традиции кои веќе постоеле во тоа време. Това е голема можност, која не смее да помине залудно – истакна папата Фрањо во обраќањето до групата „ Pasqua Together 2025“, чии членови на 19 септември, ги прими во аудиенција и на кои им го даде однапред подготвениот говор.

Истрајте во барањето можно заедништво

Групата „Велигден заедно во 2025 година“ ги обединува реалностите и заедниците од различни христијански вероисповеди со цел да ги поттикне Црквите да го слават Велигден на заеднички датум, потоа со цел да се подготват за следниот Втор милениум на откупението, во 2033 година, и да се промовираат други слични иницијативи. Папата им напомена на членовите дека постојано му се апелирало да се најде решение во врска со датумот за Велигден, така што заедничко празнување на денот на Воскресението повеќе да не биде исклучок, туку да стане нормалност. Затоа, ги охрабри оние кои се на овој пат да истраат и да вложат максимални напори за да бараат можно заедништво, избегнувајќи сè што може да доведе до дополнителни поделби меѓу браќата.

Велигден е Христов

Нагласувајќи дека Велигден не се случува на наша иницијатива, ниту според еден или друг календар, папата Фрањо го објасни значењето на Христовото воскресение.

Велигденскиот настан се случи затоа што Бог „толку го засака светот што го даде Својот единороден Син, за секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот“. Да не го заборавиме Божјиот примат, неговото првенство, неговиот прв чекор. Да не се затвораме во нашите шеми, во нашите проекти, во нашите календари, во „нашиот“ Велигден. Велигден му припаѓа на Христос!

Да планираме заедно како Исусови ученици

Треба да молиме за благодатта да биде сè повеќе Христови ученици – поттикна Папата во текстот на својот говор и додава: Дозволувајќи Му да ни го покаже патот по кој треба да одиме и понизно да го прифатиме повикот, веќе упатен еднаш до Петар, да одиме по неговите стапки и да не мислиме за она што е човечко, туку Божјо.

Затоа, да се обидеме заедно да размислуваме, споделуваме и планираме, држејќи Го Него пред себе, благодарни за повикот што ни го упати и желни да станеме негови сведоци, во единство, за да поверува светот.

Да тргнеме повотрно како апостолите од Ерусалим

Треба да чекориме заедно – напоменува Папата – и за тоа би било соодветно да почнеме повторно, како апостолите, од Ерусалим, местото од каде што самата порака за воскресението се рашири низ светот. Таму, папата Фрањо не охрабрува да се вратиме за да му се молиме на Кнезот на мирот да ни го даде својот мир денес.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот