Во Фрајзинг заврши 28. Меѓународен конгрес на Реновабис

Во Фрајзинг заврши 28. Меѓународен конгрес на Реновабис

На 28. Меѓународен конгрес на Реновабис, кој се одржа во Фрајзинг, Германија, учествуаа и претставници од Македонија

Во организација на Реновабис, од 10 до 12 септември 2024 година, во Фрајзинг, во  близина на Минхен, се одржа 28. Mеѓународен конгрес на тема „Да се има послание – веродостојано сведочење“. Главната тема беше секуларизацијата и религиската рамнодушност во Европа, со акцент на можноста Црквата да одговори на овие предизвици. Клучните предавања вклучуваа говори на експерти како професор Детлеф Полак за кризата на верата во Европа и надбискпот Винченцо Паља за иднината на христијанството во глобализираниот свет. Покрај тоа, учесниците имаа можност да учествуваат во дискусии за пасторалната грижа, црковна комуникација и еколошки прашања.

На Конгресот учествуваа претставници од Македонија, протојереј ставрофор отец Зоран И. Стојанов, директор на Македонски Каритас и протојереј отец Гоце Костов, директор на Радио Марија. Претставниците од Македонија учествува во работните групи и тоа на тема: „Младите како иднина на црквата? Желби и реалност на патот до верата“ и „Инфлуенсери во името Господово – црковна и медиумска комуникација“.

Управителот на Реновабис, професор д-р Томас Шварц, во своето обраќање, ја истакна важноста на дијалогот меѓу припадниците на различни народи посочувајќи дека е важно да се претстави верата на општество кое не се интересира за неа и дека тоа може да покаже дека христијанската порака носи добро, a свое обраќање имаше и монсињор д-р Хајнрих Кох, надбискуп на Берлин и одговорен од Германската бискупска конференција за работата на Реновабис.

Во рамките на Конгресот, учесниците ја посетија и изложбата „Икони против војната“ на украинските уметници Соња Атлантова и Олександр Клименко, кои насликаа икони на сандаците за муниција, претворајќи ги во уметнички дела.

Меѓународниот конгрес на Реновабис се одржува секоја година од 1997 година, а акцентот секогаш е првенствено на дискусиите за актуелните настани во Црквата и општеството во Централна и Источна Европа, но и во целиот свет.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот