Апостолскиот нунциј на Европската Унија монсињор Ноел Тренор почина во недела на 11 август 2024 година во Брисел како последица на срцев удар.
Ирскиот надбискуп е роден на Божиќ 1950 година. За бискуп е хиротонисан во 2008 година, а за апостолски нунциј во Брисел папата Фрањо го именува во ноември 2022 година.
Претседателот на Ирската католичка бискупска конференција, надбискупот Имон Мартин, изрази сочувство до семејството на монсињор Тренор и оние кои го познаваа во Европа и Ирска.
„Тој ги следеше чекорите и духот на татковците-основачи на потесното европско единство, вклучително и чесниот Божји слуга Роберт Шуман“ и „поголемиот дел од своето служење работеше на создавање позитивни односи со земјите-партнери на Европската унија, како и за поддршка и негување на христијанското срце и душа на Европа, рече надбискупот Мартин.
Ватикан њуз/к.мк