Со новите кардинали, Кардиналскиот колегиум ќе брои 137 прелати кои имаат право на глас на следната конклава, од кои три четвртини ги избра папата Фрањо. Ова е за 17 кардинали повеќе од традиционалната граница од 120 – поставена од папата Павле VI, која веќе е „надмината“. Еве ги имињата на новите кардинали:
- Монсињор Роберт Френсис Превост, ОСА, (1955) Префект на Дикастеријата за бискупи, САД;
- Монсињор Клаудио Гуџероти, (1955) Префект на Дикастеријата за источните цркви, Италија;
- Монсињор Виктор Мануел Фернандез, (1962) префект на Дикастеријата за наука на верата, Аргентина;
- Монсињор Емил Пол Чериг, (1947) Апостолски нунциј, Швајцарија;
- Монсињор Кристоф Луј Ив Жорж Пјер, (1946) Апостолски нунциј, Франција;
- Монсињор Пјербатиста Пицибала, ОФМ, (1965) Латински патријарх на Ерусалим, Италија/Света Земја;
- Монсињор Стивен Брислин, (1956) надбискуп од Кејп Таун (Капштад); Јужноафриканска Република;
- Монсињор Ангел Сиксто Роси, СЈ, (1958) надбискуп од Кордоба, Аргентина;
- Монсињор Луис Хозе Руеда Апарисио, (1962) надбискуп од Богота, Колумбија;
- Монсињор Гжегорц Риш, (1964) надбискуп од Лоѓ, Полска;
- Монсињор Стефан Амеју Мартин Мула, (1964) надбискуп од Џуба, Јужен Судан;
- Монсињор Хозе Кобо Кано, (1965) надбискуп од Мадрид, Шпанија;
- Монсињор Протасе Ругамбва, (1960) Коадјутор надбискуп од Табора, Танзанија;
- Монсињор Себастијан Френсис, (1951) бискуп од Пенанг, Малезија;
- Монсињор Стивен Чоу Сау-Јан, СЈ, (1959) бискуп од Хонг Конг, Хонг Конг;
- Монсињор Франсоа хавиер Бустило, ОФМ Конвентуалец, (1968) бискуп од Ајачио, Шпанија/Франција;
- Монсињор Америко Мануел Алвес Агиар, (1973) помошен бискуп од Лисабон, Португалија;
- Дон Анхел Фернандез Артиме, СДБ, (1960) Супериор на општеството Салезијанци, Шпанија.
Папата именува за членовите на Кардиналскиот колегиум и двајца надбискупи и еден монах кои се истакнаа со нивото служење на Црквата, а ја имаат поминато канонската возраст за можат да го бираат идниот папа (80 години). Тоа се:
– Монсињор Агостино Марчето, (1940), пензиониран секретар на Папскиот совет за пасторална грижа на мигрантите и доселениците, Италија;
– Монсињор Диего Рафаел Падрон Санчез, надбискуп на Кумана во мирување (1939), Венецуела;
– Фра Луис Пасквал Дри, капуцин. ОФМ, (1927) исповедник во храмот на Пресвета Богородица од Помпеја во Буенос Аирес, Аргентина.
Изменета структурата на Кардиналскиот колегиум
Доколку конклавата се одржа на 30 септември, географската анализа на 137-те кардинални електори ќе го покаже следново:
Европа: 53 електори (вклучувајќи 15 Италијанци)
Северна Америка: 15 (САД 11, Канада 4)
Латинска Америка: 24
Африка: 19
Азија: 23
Океанија: 3
Кога ќе се спореди со конклавата што го избра Хорхе Марио Бергољо за Папа на 13 март 2013 година, може да се забележи колку многу папа Фрањо го промени составот на кардинали во изминатите 10 години. На конклавата во 2013 година присуствуваа 115 електори од 48 земји и пет континенти: Европа имаше 60 електори (вклучувајќи 28 Италијанци), Латинска Америка 19, Северна Америка 14 (САД 11, Канада 3), Африка 11, Азија 10 и Океанија 1 (Австралија).
Именувајќи 21 нов кардинал, како што направи и во 2022 година, папата Фрањо очигледно зел предвид дека од сега до крајот на годината, седум електори ќе наполнат 80 години и со тоа ќе го изгубат правото на глас при изборот на новиот Папа. Исто така, меѓу 1 јануари и 31 декември 2024 година, уште 13 електори ќе достигнат канонска возраст и нема да можат да учествуваат на конклавата. Овие промени, секако, би влијаеле и на географската рамнотежа. Фактот дека 20 електори ќе го изгубат правото да учествуваат на конклавата од сега до крајот на 2024 година, значи дека папата Фрањо би можел да одржи уште еден конзисториум кон крајот на 2024 година.
Низ вековите имало само 30 кардинали кои избирале папи. Потоа Сикст V, во 1586 година, го зголемил тој број на 70. Кардиналскиот колегиум постепено се зголемувал во текот на 20 век.
Папата Павле VI. именувал 143 кардинали, проширувајќи го списокот на земјите од каде доаѓаат, а со тоа, на пример, биле именувани првите кардинали од Нов Зеланд, Мадагаскар, Шри Ланка…
Со папата Војтила, Кардиналскиот колегиум стана потполно „глобален“. Така, тој назначи 231 кардинал од околу 70 земји во девет конзисториуми.
Конзисториумот во 2001 година беше рекорден, бидејќи на него се именувани 42 кардинали.
За време на понтификатот на Бенедикт XVI, 90 кардинали во пет консториуми влегоа Кардиналскиот колегиум.
Папата Фрањо, меѓу другото, го именува најмладиот кардинал Диедоне Нзапалаинга, кој тогаш, во 2016 година, имаше 49 години, а како митрополит на Банги беше и првиот кардинал роден во Централноафриканската Република.
Ватикан њуз/к.мк